Во Струмица започнаа активностите во Клуб 60+

Во Струмица започнаа активностите во Клуб 60+

Во „Неделата за грижа на старите лица“, која е од 18-24 ноември парохијата Свети Иван Крстител – Струмица на 23 ноември 2016 година започна со реализација на активности во рамките на Клуб 60 +, кој опфаќа лица над 60 години, а со цел да се истакне важноста на старите лица во парохискиот и општествениот живот.

Средбата започна со света Бројаница во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица, а потоа во салата се одржа првата средба, на која о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев ја објаснија иницијативата, како и можностите кои Црквата сака да ги понуди на лицата над 60 години, истакнувајќи ја нивната важност во парохискиот живот. Потоа присутните со свои предлози се вклучија во осмислување на наредните средби.

Овие средби ќе се одржуваат еднаш седмично, а програмата ќе биде со духовна, едукативна, креативна и забавна содржина.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот