Во Скопје започнаа духовните вежби за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија

Во Скопје започнаа духовните вежби за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија

Во Бискупската резиденција на Водно во Скопје, на 5 октомври 2026 година, започнаа духовните вежби за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија.

Духовните вежби ги предводи проф. д-р Тарас Баршчевски, кој во текот на деновите преку духовни размислувања, молитва и заеднички средби ќе ги придружува свештениците во нивната духовна обнова и продлабочување на свештеничкиот повик.

На почетокот Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов, го поздрави отец проф. д-р Тарас Баршчевски и му се заблагодари што ја прифати поканата да ги предводи овогодинешните духовни вежби. На присутните свештеници им посака овие денови да бидат време на молитва, духовно обновување и продлабочување на личниот однос со Христос, како и можност за зацврстување на свештеничкото заедништво.

Духовните вежби се редовен и значаен дел од духовниот живот на свештениците, давајќи им можност за повлекување од секојдневните пасторални обврски, преиспитување на сопственото служење и обновување на силата за понатамошно пасторално делување.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот