Во Скопската катедрала се одржа Божиќен концерт

Во Скопската катедрала се одржа Божиќен концерт

Во среда, 21 декември 2016 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа Божиќен концерт во организација на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија, Заедницата на Хрватите во Република Македонија и Скопската парохија.

Во преполната катедрала можеше да се слушнат добро познатите звуци на хрватските божиќни традиционални песни во изведба на клапата „Волоско“ од Истра, Хрватска.

По завршувањето на богатиот репертоар публиката ја награди оваа вокална група со громогласен аплауз. На крајот на концертот свои зборови на благодарност до клапата „Волоско“ како и до организаторите на овој концерт упати Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот