Во Скопската катедрала свечено е прославен празникот Вознесение Мариино на небо

Во Скопската катедрала свечено е прославен празникот Вознесение Мариино на небо

Бискупот Стојанов во вторник 15 август 2023 година, ја предводеше свечената света Литургија по повод празникот Вознесение Мариино на небо или Голема Богородица во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје во сослужение со домашниот катедрален парох о. Винко Маслаќ, о. д-р Зоран Стојанов, директор на Македонски Каритас и Ректор на Светилиштето во Паљурци и о. Марјан Ристов, канцелар и економ.

Во својата проповед бискуп Стојанов меѓу другото рече: Денес го воздигнуваме погледот кон Марија која е прославена со небеска слава. Тоа гледање во Небо нè не заморува. Се восхитуваме и ја впиваме нејзината убавина и слава. А таа како да говори на својот Син: Јас сум ти дала тело според кое го откупи човекот и затоа како да е Исус „должен“ да го слушне тој глас на Марија и ја услиши секоја нејзина молба. Тоа е, драги браќа и сестри, причина, зошто на овој празник со задоволство се собираме околу ликот на Марија. Чувствуваме близина, топлина и сила на нејзината Мајчинска љубов.

Свечената Литургија заврши со процесија околу Катедралата пеејќи Литија во чест на Мајка Божја.

За време на свечената Литургија пееше Катедралниот хор под диригенство на маесто Јулија Неловска.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот