Во септември одлука за датумот за канонизација на двајцата Папи

Ватикан, 9.7.2013 /к.мк/ – Кардиналскиот конзисториум заедно со папата Фрањо ќе се состане во септември и ќе одлучи за датумот на прогласување за свети на папата Иван Павле II и папата Иван II. Се претпоставува дека прогласувањето може да следува до крајот на годината.

Неодамна папата Фрањо го потврди второто чудо кое се припишува на папата Иван Павле II, кој ја водеше Црквата од 1978 до 2005 година.

Ова е прв пат двајца папи да бидат исотвремено прогласени за светци, иако во 2000 двајца папи, Иван XXIII и Пиј IX беа истовремено прогласени за блажени.

Канонизацијата на папата Иван XXIII се поклопува со 50 годишнината од почетокот на Вториот ватикански собор, собор свикан токму од овој папа.

Во полските црковни кругови се нагодува дека се можни два термина за канонизација на полскиот Папа: 20 октомври, датум кој е близок до 35 годишнина од изборот на кардинал Карол Војтила за Папа (16 октомври 1978) или на празникот Безгрешно зачатие на Пресвета Богоордица, 8 декември.

Извор: ЕВТН/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<