Од 11 до 15 октомври 2024 година во Савесо, Италија се одржа 9. Светски конгрес на Радио Марија на кој присуствуваа претставници од 80 држави од целиот свет, 90 радио станици и повеќе од 200 учесници.
На конгресот учествуваа директорот на Радио Марија Македонија, отец Гоце Костов и координаторот Данче Ичева, кои на првиот ден од конгресот остварија средба со претседателот на Светското семејство Радио Марија, Виторио Викарди и неговите соработници и разговараа за предизвиците со кои се соочува Радио Марија Македонија.
Светскиот конгрес беше можност за споделување искуства за подлабоко разбирање на мисијата на Радио Марија, беа разгледани постигнатите резултати, како и идните планирања за развојот на Светското семејство на Радио Марија.
Учесниците на конгресот на 16 октомври на плоштадот Свети Петар во Ватикан присуствуваа на Генералната аудиенција со Папата, а ја посетија и базиликата Свети Петар каде што со светата Литургија заврши конгресот.