Во разговор за Ватикан њуз Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх се осврнува на енцикликата на папата Фрањо „Сите сме браќа“ (Fratelli tutti), која беше објавена на 4 октомври 2020 година.
Меѓу другото тој ќе истакне дека со објавувањето на оваа енциклика, како и многу пати досега папата Фрањо, покажа дека знае да ги чита знаците на времето. Зборува за човечкото братство, ги детектира клучните проблеми за заедништвото меѓу луѓето и нуди решенија како да се надминат. Донесувањето на вистински одлуки и нивно спроведување е токму она што сака да го понуди новата енциклика на папата Фрањо „Сите сме браќа“ – вели епископот Стојанов во разговор за Ватикан њуз.
Продолжи со читање на целиот разговор
к.мк