Во петок, 31 октомври 2025 година, во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово се одржа првата од серијата средби на брачни парови, на која учество зедоа голем број сопружници од парохијата. Фокусот на првата средба беше темата: Божјиот план за бракот, на која зборуваше парохот отец Илија Стојанов. Меѓу другото тој напомена дека од самиот почеток, Бог го ставил во срцето на човекот копнежот да љуби и да биде љубен. Воедно бракот е место каде тој копнеж добива свое остварување.
Учесниците покажаа отвореност за дискусија, а имаа и можност да се вклучат со свои размислувања.
Предвидено е еднаш неделно да се одржуваат средби на брачни парови во парохијата „Свети Пророк Илија“ – Радово, на која учество можат да земат сите заинтересирани брачни парови, кои сакаат да го продлабочат своето знаење за христијанската вера и како на најдобар начин да ја практикуваат својата вера во бракот и семејството.
Првата средба заврши со дружење, при што произлегоа и конкретни предлози и идеи за темите на средбите кои ќе следуваат.
к.мк

