Во пораката до италијанските бискупи Светиот Отец зборува за свештеничкото образование и послание

За ликот на свештеникот, за неговата формација и послание папата Фрањо зборуваше во пораката до италијанските бискупи, кои се сретнаа во Асизи на 67 општо собрание. На Црквата не и требаат клерикални свештеници, чие однесување го одалечува народот од Господ, ниту свештенички чиновници, кои вршејќи некоја служба, сопствената утеха ја бараат далеку од Бога, пишува Светиот Отец во пораката.

Во пораката Папата истакнува дека „само оној што е обликуван по примерот на Добриот Пастир, во послушното служење, наоѓа единство, сила и мир“, и дека „единствено кој дише во склопот на свештеничкото братство, успева да го избегне кривотворението на совеста, која сака да биде центар на сè, мерка на личните чувства и делување“.

Собирот во Асизи потсетува на големата љубов на свети Фрањо кон Мајката Црква и кон свештениците. Папата ги потсети бискупите на нивната одговорност: зацврстете ги соработниците, преку кои мајчинството на Црквата допира до Божјиот народ. Колкумина со своите примерни животи придонесоа посветениот живот да нè привлече и нас. Ги гледавме како го трошат сопствениот живот за народот по нашите парохии, како ги воспитуваат младите, ги придружуваат семејствата, ги посетуваат болните по домовите и во болниците, како се грижат за сиромасите, свесни дека е најгнасно „одалечувањето за да не се извалкаме од другите“, рече Папата цитирајќи го Толстој.

Светите свештеници знаат дека гревовите им се опростени и дека самите тие се орудие на опростување, знаат дека се во рацете на Оној кој ги одржува ветувањата, таквата, пак, свест расте со пасторалната љубов, која ги опкружува доверените им лица. Сеуште има такви свештеници, подготвени за средба со Бога и светот, истакна Папата додавајќи дека таквите свештеници не се импровизираат: семинаријата ги обликува, а ракополагањето ги посветува. Времето, сепак, може да ја ослабне почетната великодушност и затоа е потребна постојана обнова, тргнувајќи од тоа зошто станал Исусов служител. Формацијата е постојано сообликување со Учителот, бидејќи свештениците се засекогаш Христови ученици, истакна папата Фрањо.

Папата, значи, ја истакнува единственоста на свештеничката формација: постојан од ученик-свештеник, вљубен во Господа. Папата, сепак, посака собирот да исцрта нови одредници за трајна формација, кои ќе бидат подготвени да ја обединат духовната и културната димензија, заедно со пасторалот. Тоа се темели на свештеничкиот живот, обликувани според Евангелието, кои ги чува секојдневната дисциплина, молитва, однесување со чувствата, грижата за себе, понизното и пророчкото сведочење, таквите свештеници ја враќаат довербата во Црквата, заклучи Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот