Во понеделник Папата ќе го објави свој нов апостолски поттик

Во понеделник Папата ќе го објави свој нов апостолски поттик

Папата Фрањо во понеделник на 9 април ќе го објави новиот апостолски поттик „Gaudete et Exsultate – Радувајте се и воскликнете“ во кој размислува за повикот на светост во денешното време.

Новиот документ на Папата ќе го претстави генералниот викар на Римската курија надбискупот Анџело де Донатис, потоа поранешната претседателка на италијанската Католичка акција Паола Бигнарди, и новинарот Џани Валенте – соопшти на 5 април Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Станува збор за трет апостолски поттик по „Evangelii gaudium“ (2013) и „Amoris laetitia“ (2016).

Да се биде свет не е привилегија на неколкумина – рече папата Фрањо на празникот на Сите светии во 2013 година. Сите ние со крштението го имаме наследство за да можеме да бидеме свети. Светоста не може ниту да се купи, ниту да се дарува – рече пак Светиот Отец во една од своите проповеди во домот Света Марта. Таа е патот на наследувањето на Исус и секој по тој пат мора да оди сам. За тоа е потребно да се гледа во Исус Христос, затоа што нè учи како да бидеме свети. На светоста им припаѓа пред сè радоста и подготвеноста да се направиме мали и да бараме прошка.

Не смееме да сметаме дека е полесно да бидеме злосторник отколку свет! Не. Можно е да станеме свети затоа што Господ ни помага – рече Папата на 21 јуни 2017 година за време на Генерална аудиенција во среда. Папата Фрањо смета дека сите сме повикани на светост, што својот темел го има во изјавите од Вториот ватикански собор, а посебно во догматската конституција за Црквата „Lumen Gentium“ во која стои: „Опремени со толку и така спасоносни средства сите Христови верници било на која положба и сталеж секој на својот пат се повикани од Господ на таа совршеност светост, како шо е совршен самиот Отец“ (LG 11).

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот