Во Мозамбик е убиен свештеник со потекло од Демократска Република Конго
Интернет страницата Croix Africa, која се занимава со верските случувања на африканскиот континент, на 21 мај 2019 година објави вест за убиство на еден свештеник од Конго, кој во неделата е убиен во Мозамбик. Тој е седмиот свештеник, кој оваа година е убиен во Африка, а десети во светот.
Според првичните информации свештеникот наводно е убиен со мачета. Како што пренесува блогот Сисмографо, станува збор за 34 годишен свештеник по име Ландри Ибил Иквел, член на монашката заедница Пресвето Срце Исусово и Мариино, директор на институтот за слепи во Беири, Мозамбик.
Отец Ибил Иквел бил државјанин на Демократска Република Конго, за свештеник е ракоположен на 7 февруари 2016 година во Киншаса. Полицијата не дава никакви инфорамции поврзани со ова убиство, освен дека ја потврдува точноста на веста. Отец Ибил е десети убиен свештеник во светот оваа година, од кои 7 се убиени во Африка, а 3 во Латинска Америка.
Ватикан њуз/к.мк