Хозе Мартин Гузман Вега е втор свештеник кој оваа година е убиен во Мексико. Во последните шест години во оваа земја се убиени 26 свештеници. Од почетокот на годината во светот се убиени 14 свештеници и 6 пасторални соработници, лаици.
Минатиот четврток во Мексико е убиен 55 годишниот свештеник Хозе Мартин Гузман Вега, парох во местото Санта Аделаида, на североистокот од земјата, на границата со Соединетите Американски Држави.
Како што стои во соопштението на бискупијата Матаморос, а го пренесува агенцијата Фидес, надлежните власти започнале со истрага како би се разјасниле околностите и би се спровела правдата. Во меѓувреме изразуваме сочуство до семејството Гузман Вега и парохиската заедница „Христос Цар на Мирот“ и ги повикуваме сите да се обединат во молитва и да го молат Бог за вечен покој на отец Мартин – стои во соопштението потпишано од бискупот Еугенио Лира Ругарика.
к.мк