Во Краков објавено логото за Светскиот ден на млади
Кардинал Станислав Џивиш во Краков на 3 јули 2014 година го претстави логото и молитвата за 31-от Светски ден на млади кој ќе се одржи во тој град во 2016 година. Симболиката на логото на многу сугестивен начин обединува повеќе факти на тој настан, чија тема е земена од Евангелието по Матеј: Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Во средината на логото се наоѓа крст, односно Христос Кој е темел на Светскиот ден на млади. Од крстот излегуваат два зрака, црвен и син кои го претставуваат Божественото милосрдие, крвта и водата протечени од Исусовото прободено срце токму така како што ги насликала сестра Фаустина Ковалска. Зраците се поистоветуваат со рацете на младиот човек кој го прегрнува крстот. Логото е опколено со грбот во облик на Полска, а главата на момчето ја претставува исто така географската местоположба на Краков, додека боите – сина, црвена и жолта ги означуваат службените бои на тој град.
Молитвата на Светскиот ден на млади има три дела: првиот дел е доверување на секое човечко битие, а најмногу младите на Божественото милосрдие. Во вториот дел се моли Господ за милост за милосрдни срца; а во третиот за застапување на Дева Марија и свети Иван Павле II заштитник на светските денови на млади.
Логото е осмислено од Монија Рибчинска 28 годишна девојка од Полска која на универзитетот во Варшава дипломирала на комуникациски науки. Го нацртала во Ватикан веднаш по канонизацијата на Иван Павле II како благодарност за неговото застапништво во нејзиниот професионален живот. Во усовршувањето на логото учествуваше младата графичарка 26 годинишната Емилија Пуза.
РВ/Д.И.