Во бискупијата Винх во Виетнам во неделата на 25 јули ракоположени се 34 нови свештеници, пренесува агенцијата Фидес.
Локалниот епископ Алфонсо Нгуен Ху Лонг најави дека некои од новоракоположените свештеници како мисионери „fidei donum“ ќе ги испрати на подрачја во кои недостасуваат затоа што бискупијата „сака да го подели својот дар на голем број звања“ со другите.
Новите свештеници се повикани да бидат милосрдни Самарјанци кои на тешко пристапните или од природни катастрофи и од конфликти погодени подрачја ќе им помогнат на луѓето со материјална и духовна утеха да успеат да ја совладаат болката и да ја пронајдат нaдежта, објасни епископот Лонг. Станува збор за момент на голема среќа во време на големо стрaдање, истакна епископот осврнувајќи се на моменталната состојба на пандемијата од коронавирусот која тешко ја погoди таа земја на југоистокот на Азија. Прославата на свештеничкото ракополгање беше со намера да се соберат сите свештеници од таа бискупија, како и монасите семенаристите и богословите, но заради епидемиолошките мерки сведено е на многу мал број учесници.
Бискупијата Винх се наоѓа во близина на главниот град Ханои и според ватиканските податоци се протега на 16.500 квадратни метри. Има 93 парохии кои собираат 282.000 католици односно 9% од вкупно 3 милиони жители во Виетнам. Според податоците од 2018 година имало 126 дијацезантски свештеници, па еден свештеник пасторално се грижел за 2.238 верници. Исто така во земјата делуваат 25 монаси и 172 монахињи.
Ватикан њуз/к.мк