Во Годината на посветен живот Папата ги повикува монашките заедници на пророчко сведочење за да го просветлат светот

Оваа 2015 година е прогласена за Година на посветениот живот. Во својата порака, Папата од монасите бара да го разбудат светот, да го просветлат со своето пророчко и безкомпромисно сведочење. Ги поттикнува да бидат радосни и храбри сведоци на заедништво. Посветените лица се квасец за праведно и братско општество, истакна папата Фрањо. Во следниве месеци, Светиот Отец ќе подготви нова апостолска конституција за контемплативниот живот, започна, значи, времето на промисла и молитва, рече чесната сестра, Марија Кјара Кавали, Клариса во манастир во Перуџа, говорејќи за Радио Ватикан.

Црквата годинава, моли и го слави посветениот живот, а на посебен начин ние, како монахињи во клаузура, бидејќи сме во срцето на Црквата; скриени, но секогаш присутни; се молиме, прикажуваме жртви, се радуваме и на свој начин разговараме со оние што ни доаѓаат во пресрет, а силно сме убедени во ова многу убаво, пророчко звање, како што истакна и самиот Папата.

На забелешката дека нивниот избор се противи на струјата и дека Папата ги поттикнува да го разбудат светот, па на прашањето дали светот е заспан, монахињата одговора дека околу нас има многу жалости, разочарувања, безнадеж и недостаток на храброст. Светот треба да се разбуди, односно во него треба да се разбуди надежта. Иднина има за сите, ако се препуштиме на Господ Исус. Јас во својот живот ја видов иднината, живеев во надеж, па тоа им го предлагам и на другите. Треба да се оди со водата, против струјата, ако се сака да се стигне до изворот, говореше светиот папа Иван Павле II, потсети чесната сестра додавајќи:

Некои новости и начини на размисување оневозможуваат пронаоѓање на изворот на животот и водат кон смрт. На сите сакам да им покажам дека постои и друг начин на живот. Радоста се наоѓа, како вели Папата, во откривањето на смислата на личниот живот, а неговата смисла е среќавањето. Словото се овоплотило и доаѓа кон нас; нѐ бара нас како што некој вљубен долго ја бара „другата половина“ од својот живот, а кога ќе ја пронајде, го опфаќа силна светлина, објасни монахињата.

На прашање како да се спореди животот во клаузура со „Црквата на излегување“, на што ги поттикнува Папата, чесната сестра истакна дека „Црквата во излегување“ неизмерно ѝ се допаѓа, а тоа, токму сум и јас. Тоа сум од утро до вечер, бидејќи со својата молитва ги подржувам немоќните и настраданите членови на Телото, кое е Црквата, како говореше света Клара. Тоа сум јас, бидејќи ако некој оди на улица, некој пак, во некое скриено место, со молитва го подржува тоа излегување, тоа навестување на Евангелието по улиците или преку средствата за информации. Црквата е едно тело: сите делови немаат иста улога; сите не можеме да бидеме раце, уста; некои делови не се гледат, но тоа не значи дека не се важни, забележа чесната сестра.

На забелешка дека Годината на посветен живот е причина за темелен испит на совеста, сестрата истакна дека исцрпеноста, заморот и напуштањето на некои, позади себе оставаат жалост и разочарување. Монашкото звање е потребно, многу важно и многу убаво. Повикани сме, секогаш, повторно да ја откриеме убавината на своето звање и да бидеме радосни и горди, истакна сестра Марија Кјара.

Зборувајќи, пак, за тврдењето на Папата, дека монасите се квасец за раст на праведно и братско општество, сестрата рече дека сликата со квасецот многу  одговара, бидејќи квасецот може да накваси многу брашно. Понекогаш се обесхрабруваме, бидејќи сме има малку, значи, не размислуваме за тоа што Светиот Дух може да направи од нешто што може да изгледа уморно. Не смееме да сме ожалостени, ниту да очајуваме. Бог е верен и Тој управува со историјата: досега ја водеше, ќе ја води и по нас, истакна чесната сестра.

На забелешката дека бројот на монашките звања незадржливо опаѓа, сестрата одговори дека во почетокот, основачите на монашките заедници биле сами; значи, едно лице, на која потоа ѝ се придружиле и други. Значи не е потребно мноштво од луѓе. Сѐ се раѓа како мало, потоа расте и станува големо, но се раѓа како мало. Сѐ поминува преку маленкоста. Светиот Дух е Семоќен, а ние не сме господари на историјата. Да му благодариме на Бог, бидејќи сме во негови раце и затоа можеме да бидеме спокојни, заклучи сестра Марија Кјара.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот