Папата се моли за жртвите од атентатот во Египет

Папата се моли за жртвите од атентатот во Египет

Во неделата 4 ноември 2018 година, папата Фрањо во пладневниот наговор ги спомна жртвите од нападот на ходочасниците во Египет, изрази жалост и ги вети своите молитиви.

На крајот од молитвата Ангел Господов, папата Фрањо изрази жалост заради атентатот кој се случи пред два дена во Египет, во кој загинаа 11 коптски христијани, а ранети се најмалку 19 луѓе. Се молам за жртвите, убиени само затоа што се христијани и ја молам Пресвета Богородица да ги утеши нивните семејствата и целата заедница – рече Папата. (…)

На погребот на шесте жртви кои сите биле од исто семејството и меѓу кои имало 15 годишно момче и едно 12 годишно девојче присуствуваа стотици верници. Погребот е одржан под силни мерки на безбедност, за да се заштити една од заедниците која најмногу е на мета на муслиманскиот тероризам.

Да се запре спиралата на омразата

Коментирајќи го тој суров напад, надбискупот Бруно Мусаро Апостолски нунциј во Египет, истакна дека тоа е насилство кое внесува немир во период во кој изгледа дека повторно е воспоставен мирот и сигурноста. Повторно паднавме во спиралата на насилството и омразата кои одлучно ги осудуваме – додаде тој. Во овој момент не можеме, а да не бидеме близу до семејствата на жртвите и ранетите, и да не се молиме за нив. Истовремено, како што нѐ поттикнува папата Фрањо треба да ја поттикнуваме надежта.

Изрази на близина на Католичката црква до Коптската православна Црква

Близина на семејствата на жртвите и ранетите им изрази и отец Хани Кироулос гласноговорник на Коптската католичка црква кој е уверен дека станува збор за атентат сличен на оној направен во мај 2017 година. Тогаш загинаа повеќе од 30 луѓе, а сите беа ходочасници на патот кон истиот манастир.

Осуда од Светскиот совет на Цркви

И Светскиот совет на Цркви го осуди нападот и изрази близина и солидарност, гарантирајќи ги молитвите за жртвите, за нивните семејствата, за заедниците и црквите. Тој напад е уште еден одвратен пример за пораст на злосторството од омразата кон луѓето, кое се заснова на верската припадност. Повикуваме на политичко и општествено делување пропратено со теолошко размислување да се спроведува на сите подрачја на кои се прават тие дела, за да се спротивставиме на омразата и нетолеранцијата, и да промовираме почит кон различноста, човечкото достоинство и правата, со цел верска слобода и богослужба за сите луѓе – истакнуваат членовите на Светскиот совет на Цркви. (…)

Реакција од сунитскиот ислам

Остри зборови пристигнаа и од Ал-Азхар најважната институција на сунитскиот ислам со седиште во Египет. Одговорните за тој подол терористички напад се криминалци без основните човечки вредности, многу далеку од науката на религиите кои повикуваат на соживот и мир, на одбивање на насилството и омразата и кои го осудуваат убивањето на недолжните луѓе – е истакнато во соопштението од универзитетот Ал-Азхар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот