Во Гевгелија прославен патрониот празник
Гевгелија, 15.7.2013 /к.мк/ – Патрониот празник на парохијата свети Петар и Павле – Гевгелија беше свечено прославен со Архиерејска света Литургија, служена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во сослужение на о. д-р Зоран Стојанов и о. Димитар Ташев. Во проповедта Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја истакна силната вера на светите апостоли Петар и Павле. Кон крајот од светата Литургија епископот Стојанов ги благослови бројните деца присутни во црквата.
Категорија:
Македонија