Во Велес прославен празникот Воскресение Христово

Во Велес прославен празникот Воскресение Христово

Во сабота вечер, 16 април 2022 година, а по повод празникот Воскресение Христово, во капелата „Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица“ во Велес, дон Томаш Бак во заедништво со верниците од Велес и околината служеше Воскресна света Литургија.

Во хомилијата дон Бак истакна дека Воскресението Христово е празник, кој посебно во оваа ситауција во која се наоѓаме ни дава надеж и поддршка и воедно на присутните верници им го честита пранзикот Воскресение Христово

Свечената Литургија заврши со балгослов на велигденските јадења, кои верниците ги донесоа за благослов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот