Папата ги почести бездомниците со вечера

Во четврток 11 декември 2014 година по повик на Папата на вечера во салата на црквата Света Ана во Ватикан присуствуваа над 100 лица во потреба. Раковиодителот на ватиканската Канцеларија за милостина, архиепископот Конрад Крајевски, на гостите им ги пренесе поздравите од Папата. Вечерата е донирана од ватиканската парохиска заедница.

Следниот петок, 19 декември предвидена е божиќна Миса за бездомниците. Освен тоа тие ќе добијат и пакети со помош. Многу бездомници околу плоштадот Свети Петар бараат засолниште или преноќуваат пред ватиканската Канцеларија за печат. Папскиот делител на милостина во Рим, редовно им помага на лицата во потреба.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот