Во Ватикан започна меѓународен семинар за вработувањето
„Проблемот со вработувањето е сериозен, поради големите бројки на невработеност меѓу младите и поради фактот дека понекогаш самата работа не е достоинствена.“ Со оваа твитер порака од профилот @Pontifex, папата Фрањо посочува на еден од главните проблеми на современото општество.
На таа тема во контекст на Јубилејот на милосрдието на 2 мај започна во Рим меѓународен семинар, организиран од Папскиот совет за правда и мир заедно со Меѓународната организација на трудот.
Достоинство на работниците, правилни плати, олеснување на пристапот до кредити за младите. Ова се клучните точки за „одржлив развој“ на трудот, тема на семинарот, на кој се среќаваат оваа недела во Notre Dame Global Gateway во Рим меѓународни организации со католички карактер, со активност на полето за вработување. Кардиналот Питер Турксон, претседател на Папскиот совет за правда и мир по тој повод даде интервју за Радио Ватикан:
„Папата Фрањо веќе спомна две слаби точки: животната средина и сиромашните. Вработувањето станува исто така слабост. Целта е секогаш онаа на профитот, на приходите и луѓето се наоѓаат сѐ повеќе во состојба на несигурност и привремено вработување. Како можеме да го гарантираме достоинството на работата? Како да го доведеме до стабилност вработувањето? Како би можело вработувањето да доведе до мирен опстанок во општеството? Еве со овие прашања сакаме да се занимаваме“.
Целта на семинарот е да доведе до глобални решенија, поаѓајќи од заштитата на работниците. Џани Розас, директор на претставништвото на Меѓународната организација на трудот, МОТ (International Labour Organization ILO), Италија и Сан Марино рече:
„Иако сме во 21 век, сѐ уште постојат форми на ропство на трудот и недостаток на какви и да било права. Постојат форми, при што работниците заработуваат помалку од она што е потребно за да се излезе од сиромаштија. Не треба да заборавиме дека во светот живеат повеќе од 400 милиони работници, кои заедно со своите семејства живеат во сиромаштија.“
За почитување на договорите, но и предлози за справување со проблемот на автоматизираната работа, која се заканува да ја маргинализира човечката личност, посебно младите, во корист на профитот, кардиналот Турксон изјави:
„Како што беше рекол Хенри Форд, целта на финансирањето не е да доведе до профит, туку да им помогне на луѓето во постигнувањето на општото добро. Ако успееме да создадеме пристап до капиталот на оние кои имаат вредни идеи за развојот, младите нема да очекуваат работа од некого, туку тие самите ќе можат да станат претприемачи, односно да не бараат постојано работа, туку да создаваат работни места.“
Во таа смисла, треба да биде промовирани искуствата на организации, на пример – за микрокредитирање кои го промовираат вработувањето на младите во најсиромашните земји. Монсињор Роберто Витилио, шеф на делегацијата на Каритас Интернационалис во Обединетите нации во Женева изјави:
„Ние сметаме дека светот не се обрнува многу внимание на овој проблем. Погрешно – речиси на секој континент има добро подготвени млади, со добро образование, но – невработени. Платите треба да се соодветни, така што ќе се овозможи на семејството да се развива, да се даде можност на работниците да обезбедат иднина за своите деца, да обезбедат образование, дури и за себе, како родители“.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк