Во Ватикан започна вонредниот кардиналски конзисториум

Во четврток 20 февруари во Новата синодска сала во Ватикан започна вонредниот конзисториум, на кој кардиналите заедно со папата Фрањо се собраа да разговараат за семејството. По завршувањето на поздравниот говор на деканот на Кардиналскиот колегиум, кардинал Анџело Соадно, Светиот Отец одржа краток говор, после кој следуваше воведно предавање на кардинал Валтер Каспер по што следуваа слободни излагање на останатите кардинали. Конзисториумот ќе заврши во петок 21 февруари. Во сабота 22 февруари, на празникот Катедра на свети Петар, ќе се одржи конзисториум по повод именувањето на нови 19 кардинали.

Семејството е главна клетка на човечкото општество – истакна папата Фрањо. Од самиот почеток Создателот им даде благослов на мажот и жената да бидат плодни и да се размоножуваат на земјата. На тој начин семејството ја отсликува сликата на Пресветата Троица во светот – рече Светиот Отец. Во нашето размислување секогаш ќе биде присутно убавината на семејството и бракот, големината на таа човечка реалност, која е едноставна и истовремено многу богата, кои даваат радост и надеж, труд и трпење низ целиот живот – напомна Папата додаде дека треба да се настојува подобро да се запознае теологијата на семејството, како и душогрижништвото кое треба да се примени во сегашните услови.

Сепак тоа треба да се направи темелно, без да се навлегува во казуистика, бидејќи таа ќе го намали нивното на нашата работа – рече Светиот Отец. Денес семејството е презрено, навредувано, а она од нас што се бара е да препознаеме колку е убаво, вистинско и добро да се формира семејство, да се биде во семејство во денешно време; колку е тоа неопходно потребно за живот на светот, за иднината на човештвото. Од нас се бара да го истакнеме сјајниот Божји план за семејството и да им помогнеме на брачните парови радосно да го живеат тој план во своите животи, следејќи ги во многубројните потешкотии и тоа со разборито и храбро душегрижништво полно со љубов – истакна Светиот Отец

Папата Фрањо посебно ги поздрави оние кои во сабота ќе бидат вброени во Кардиналскиот колегиум. Да ги следиме со молитва и братска љубов – рече Папата и на крајот во име на сите присутни, му заблагодари на кардинал Валтер Каспер за големиот придонес кој го даде со своето воведно предавање.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот