Првата Генерална конгрегација на Кардиналскиот колегиум се одржува во Ватикан, означувајќи го почетокот на периодот на молитва, размислување и подготовка по смртта на папата Фрањо.
Во вторник наутро, со момент на тивка молитва за упокојување на душата на папата Фрањо е отворена првата Генерална конгрегација на Кардиналскиот колегиум.
Приближно шеесет кардинали се собраа во Синодската сала по тој повод, и, во согласност со Апостолската конституција Universi Dominici Gregis, се заколнаа дека верно ќе ги почитуваат нормите кои го регулираат однесувањето и изборот на новиот римски понтиф. Потоа се пееше Adsumus, традиционално повикување на Светиот Дух.
За време на седницата, ставовите 12 и 13 од Universi Dominici Gregis беа прочитани на глас, во кои беа наведени одговорностите и процедурите кои треба да се почитуваат во периодот на sede vacante .
Кардиналот Кевин Фарел, Камерленго на Светата Римска Црква, исто така пред кардиналите го прочита тестаментот на папата Фрањо.
Кардиналскиот колегиум, исто така, одлучи да бидат прекине закажаните прослави за беатификација, се додека новиот Папа не донесе одлука.
Кардиналите ги потврдија датумите за изложување на телото на Светиот Отец и неговиот погреб, кој ќе се одржи во сабота, 26 април, во 10 часот, како што претходно соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Втората Генерална конгрегација е закажана за среда, 23 април, во доцните попладневни часови. Утрото ќе биде посветено на обредот пренесување на телото на Папата во базиликата, каде ќе биде изложен.
Во рамките на „Novemdiales“, традиционалните девет дена жалост, во недела, 27 април, на плоштадот Свети Петар ќе се служи света Литургија.
Кардиналот државен секретар Пјетро Паролин ќе ја предводи неделната Литургија, која ќе биде втора од Novemdiales. Овие свети Литургии ќе продолжат секој ден во 17:00 часот од понеделник, нудејќи им на верниците можност да се обединат во молитва за упокојување на Светиот Отец.
Во согласност со нормите на Universi Dominici Gregis, комисија од тројца кардинали беше избрана со ждрепка за да му помогне на кардиналот Камерленго во управувањето со Црквата за време на sede vacante.
Овие тројца кардинали ги претставуваат трите реда на Кардиналскиот колегиум и се заменуваат на секои три дена. Првата група од тројца кардинали избрани на тој начин се Пјетро Паролин (епископски ред), Станислав Рилко (презвитерален ред) и Фабио Баџо (ѓаконски ред).
Во вторник навечер, во 19.30 часот, на плоштадот Свети Петар ќе се моли Света Бројаница со која се повикуваат верниците да се придружат во молитвата за папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк