Во Ватикан заврши Мајската побожност

Со традиционалното обожавање во ватиканските градини, на 31 мај 2014, заврши мајската побожност. Во многу моменти од животот молитвата до Богородица може на многу христијани да им даде сила, истакна папата Фрањо пред „Лурдската пештера“, која е копија на оргиналот од Франција. Таа е „Богородица од брза помош“. Таа доаѓа веднаш да ни помогне.

Претходно кардинал Анџело Комастри, архипрезвитер во ватиканската базилика Свети Петар ја предводеше процесијата од црквата Свети Стефан до Богородичната пештера во ватиканските градини.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот