Во Аргентина нападнати чесните сестрите на Мајка Тереза
Мисионерките на љубовта сместени во градот Мар дел Плата во Аргентина се нападнати и малтретирани во нивниот дом.
Злосторниците го оскверниле Светохранилиштето во капелата, а успеале да украдат 50 пезоси, сè што имале сестрите на Мајка Тереза во готово. Според вестите кои ги објави бискупијата, а пренесува агенцијата Фидес злосторството е направено вечерта на 25 август, чесните сестри се малтретирани и исплашени, а крадците ја ограбиле куќата.
Мисионерките на љубовта кои ги основа Мајка Тереза веќе дваесет години живеат во градот Мар дел Плата, а главно се грижат за болните од сида и силно промовирање на човечкото достоинство и на сите им помагаат во населбата каде што е нивната куќа.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Uncategorized