Воскресна проповед на бискупот Стојанов: А ние се надевавме

Воскресна проповед на бискупот Стојанов: А ние се надевавме

За време на Воскресната светата Литургија во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски одржа пригодна проповед, која Католици.мк ја пренесува во целост:

Осветлени со светлината на Воскресната свеќа чија што светлина е посилна од светлината на сите овие светилки околу нас носи силна порака што продирa во нашата душа и во нашето битие. Ако допуштиме во нас да продре оваа Воскресна свеќа што го претставува Христос кој после победата над еден непријател на човекот, односно над смртта го осветли нашето битие со ново светло на бесмртноста.

Драги браќа и сестри, почитувани слушатели преку малите приемници и гледачи на малите екрани, Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку моќна порака што добива космички димензии. Имено, сите ние имаме знаење и нашата наука се занимава со она што нè опкружува, а тоа е видливиот материјален свет. Вистина е, дека постојат многу науки кои не се занимаваат со материјалниот свет како што е психологијата, филозофијата и многу други, но сите тие се потпираат на искуството и размислувањето на човекот што е само мала прашина во вселената, а и на оваа наша земја. Сериозните науки кои во крајна линија сакаат да навлезат во најголемите тајни се прилепуваат кон двете страни. Филозофијата ќе доведе до многу песимистички, па дури и нихилистички начини, што сето ова нема смисла, а космологијата ќе не води до бесконечни комбинации на промена на материјата и човекот ќе биде распнат за да се најде во овој свет, во овој миг, во овој живот. На кого е дадено истражувањето, ќе се восхитува од чудата на величието на создадениот свет, но ова знаење не го исполнува со внатрешна среќа, бидејќи не се наоѓа себеси како главно суштество на земјата, па дури ни во сопствениот живот. Гледајте во тие и такви води влегува оваа светло на свеќата што непобитно ја потврдува Божјата објава, а таа е, дека во нашиот свет влезе самиот Бог и тоа на начин на еден човек – Исус од Назарет. И сега нѐ восхитува таа Божја авантура. Со толку многу галаксии на огромниот универзум, тој избрал мала планета земја која воопшто не се гледа во универзумот. На една мала земја во еден мал народ – Израелскиот – стана човек. Влезе во историјата преку малото село Назарет, а заврши надвор од ѕидините Ерусалимски како најголем злочинец, затоа што се правеше Бог. Поминаа оттогаш две илјади години. Во што се состои тајната на овој свет? Браќа и сестри, Бог ни го откри значењето на целиот универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзино божество. А најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја. Таа вера на христијаните се обидуваат да ја оборат од првиот час на Воскресението до крајот на времето, сепак верувајте дека секогаш ќе има поголем или помал дел од човештвото, кој во овој настан ќе го најде решението за својот живот, значењето на постоењето и вечната среќа. Се надевам дека ние денес спаѓаме во оние кои својата вера во близината на оваа светло ја правиме појасна, потопла и посветла.

Во велигденското таинство среќаваме многу елементи што ја придружуваат и нашата историја. Човек отсекогаш тежнееше да го победи страданието, а пред сѐ смртта. Денес го гледаме дури и малку појасно отколку во спротивно, како тоа не е возможно. Се трошат силни средства за продолжување на животот, а тогаш пред немоќта на страданието дури се вовлекува и евтаназија како законско прекинување на животот, бидејќи не се успеало на начин на каков се планирало. Во човекот постои онa и овa време претпоставка како би требало да биде. Откога настанала мислата човекот да биде како Бог, дури сме исплашени, бидејќи не смееме ниту да сонуваме за тоа што би можеле да промениме. На ниво на општествените односи толку многу тоа се променило и менува со желба да се најде идеална форма на соживот, но до сега уште не е пронајдена. Каде е човекот таму настанува проблем. Сите кампањи понекогаш ветуваат  утопистички програми, а кога ќе се дојде на власт се слуша разочарување: а ние се надевавме. И областа на семејниот живот е ранета со овој факт. Младите толку убаво планираат, сонуваат, фантазираат како нивниот живот ќе биде поинаков од останатите, а за десет, дваесет години се слуша истиот приговор: а ние се надевавме. Зошто е тоа така? Браќа и сестри, затоа што човекот тешко ја признава својата ограниченсот и својата немоќ. А тогаш секој својот неуспех тајно или јавно го закопува или погребува во некаков гроб. И колку разочарувањето е поголемо, толку повеќе гробот се покрива со поголем камен. И кај Исус беше така. На гробот на вратата навалија голем камен и таму беше погребен човек од кого многумина, многу се надеваа. А погребен е како најголем губитник. На воскресното утро жените се прашувале, како нивен најголем проблем: а кој ќе ни го отстрани каменот од вратата на гробот? Ете, тоа е и наше темелно прашање: кој ќе ни го отстарни каменот од гробот на нашите неуспеси, фрустрации, разочарувања? Мора да бидам многу јасен, браќа и сестри, каде што нема Бога не може да биде ни човек. Човек кој нема вера, дури и не целосна, мора да има отвореност кон оној свет со кој Бог ни излегува во пресрет. А тој свет е ново подрачје на кое сме повикани токму преку воскресението на Исус Христос. Да дозволиме тогаш Божјата сила да ни го отстрани каменот од вратата на нашите срца и нашата совест и да не осветли Христовата светлина што нѐ менува одвнатре да не лебдиме во воздухот како бесцелни  суштества, туку да одиме по оваа земја како луѓе што Бог ги создал да живеат овде во љубов и вечно блаженство.

Во очекување сме на доаѓањето на Светиот Отец, папата Фрањо, на нашата Татковина. Првото чувство кое треба да не исполни во оваа ноќ е чувството на понизност. Ниту сакаме, ниту можеме да ја омаловажуваме својата Татковина, а ниту својата личност. Но погледнете нашата Татковина е релативно мала Земја, бројот на нашите вереници исто така е мал, но во Понтификатот на папата Фрањо, доколку смеам така да споредам, тогаш и Исус Христос во својот пасторал имал едно темелно определение, а тоа е малиот човек. Овој Папа, кој сака да го сочува достоинството на секој човек, редовно се обраќа до малите. Оттука покрај понизноста која ја имаме во нас се јавува и голема гордост што токму сега во Воскресно време ќе ни стане нам но и на светот јасно, дека значајноста не ја прават квадратните километри, ниту бројките, туку квалитетот и да бидеме субјект на Божјата љубов. Ние очекуваме и со право се подготвуваме од папа Фрањо да бидеме препознаени како мали, но вредни. Достојни на онаа објава која со Воскресението се утврдува и ако уште некој од нас како поединец или не дај Боже како народ очекуваме дека оваа пасторална посета на светиот Отец е токму чин кога од гробот на нашето чувство помалку вредни и немоќни се отстранува „големиот камен“. Ако е некој повикан, тогаш тоа е Папата да со својот Апостолски авторитет и Христова љубов му покаже и порача на светот за вредноста и валидноста на нашиот народ и нашата Земја. Во тие мисли и силна молитва: нека Воскреснатиот Христос ни ги осветли патеките на животот во нашите срца, семејства, во општеството секогаш да чекориме како синови на светлината, а не на темнината. Христос Воскресе!

 

За авторот