Волонтер од Радово дарува садници за бискупската резиденција
Во среда 3 декември 2014 година, на „Денот на дрво“ о. Илија Стојанов заедно со Алексадар Манолев и уште двајца волонтери од парохијата „Свети Пророк Илија“ од Радово, беа во посета на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.
Во таа прилика тие со себе донесоа и 800 садници за зелена ограда од сопственото производство на Александар Манолев, кој со голема радост ги поклони на епископот и лично ги засадија околу новоизградената епископска резиденција.
Бискупот Стојанов се забалгодари на Александар Манолев за даруваните садници, како и на останата волонтерска расположеност, посакувајќи им Божји благослов во животот и работата.
К.мк/д.Д.Т.
Категорија:
Македонија