Внимавајте со кого влегувате во брак?
Во моментот го имаме на големо феноменот развод, кој се прошири како чума, не само во Македонија, туку во целиот свет. Но сепак не можеме генерално да кажеме дека е виновна оваа или онаа страна,бидејќи секој случај е уникатен. Секој има свој проблем и јас тоа го оставам во Господови раце, бидејќи Тој знае најдобро за што се работело и кои се тие проблеми.
Да бидам директен уште на почетокот: не треба јас ова да ви го пишувам, ниту да го вперам прстот на опшеството и на актуелната ситуација во светот, бидејќи сум сигурен дека тоа го гледате со сопствените очи. Но постојат и тие, кои гледаат, но не гледаат. Каков парадокс, знам. Гледаат, но не им е стигнато до свеста, исто како и пушачот кој знае дека цигарата му штети на здравјето, но сепак не сака да престане со пушењето. Кога ќе престане? Само кога ќе го повика лекарот и ќе му каже: слушај, за една недела ќе умреш ако веднаш не престанеш да пушиш. Тогаш ќе биде свесен на тоа што го има видено на кутијата и кај другите луѓе. Понекогаш ни треба тој поттик, односно нешто да не „турне” напред. И затоа го користам овој блог, за да тие кои гледат, а не се свесни, да им бидам стимул и да ги турнам – не во јама – туку во знаење.
Имаме еден голем проблем. Тоа се пропаднатите бракови и разводи. Бидејќи сум католик, јас се држам до тоа „разводот” е терминологија и конструкција на секуларното општество, во католичка смисла такво нешто не постои. Постои само можност да се утврди, дека бракот од почетокот не постоел. Тоа е тоа. Но во моментот го имаме на големо овој феномен на развод, кој се прошири како чума, не само во Македонија туку во целиот свет. Но сепак не можеме генерално да кажеме дека е виновна оваа или онаа страна, бидејќи секој случај е уникатен. Секој има свој проблем и јас тоа го оставам во Господови раце, бидејќи Тој знае најдобро за што се работело и кои се тие проблеми. Но јас би сакал да навлезам во приказната пред бракот, патот кој води до бракот.
Знам за некои девојки, кои веќе со 26 години говорат дека не сакаат да губат време, бидејќи се „стари”. Или оние кои се дојдени до трисетите години, па мислат дека бракот мора да се случи на брзина, да не останат сами. Повеќе не е важно момчето, ниту каков е, дури и без чувства, без разлика, тоа е последниот „воз” кој вози до дестинација ”брак” и не треба да се пропушти.
Би сакал да знам кој ја измислил таа бесмислица и глупост? Со 26 години да бидеш стара? Или, кога ќе се омажиш, бидејќи веќе си стара, нема да најдеш подоцна никој? Тоа за мене ечисто убиство на луѓе, на еден или на друг начин, на вербален, внесување страв во нивната света душа. И така слабите девојки наседнуваат на тоа и мислат дека навистина никој повеќе нема да ги сака после триесетите, зошто не се повеќе привлечни, ниту млади за мажење. Со притисокот на биолошкиот тип, кога ќе родиш, сигурно не после 40, се создава вознемиреност. Па како сѐ ќе биде?
Сигурно нема да биде добро ако се земе со првиот на кој ќе налета и со него да влезе во брачните води, зошто не треба да се заборави еден факт: во брак се влегува само еднаш и тоа засекогаш.
За христијанските девојки: дали тој е верник? Немој да се замислуваш дека ќе го обратиш ако не е верник, дека ќе го придобиеш да одите заедно на света Литургија, на поклонение, заедно да се молите во семејството и да ги воспитувате вашите деца според црковната односно Христова наука. Христос те откупи со својата крв и скапо те плати, и немој така лесно да го дадеш своето срце во незрели раце на едно машко кое не се грижи за духовниот живот и кој не сака, да го запознае Господ. Многу жени ја имале оваа илузија дека тоа не е толу важно, но тие денеска носат големи лузни на срцето, длабоки рани и страдање, особено кога е во прашање „разводот”.
Исто така се прашувам, ако тој е верник, како постапува со тебе? Дали те потикнува на молитва, читање на Библијата? Катехизам? Дали ти помага во растот на душата и верата? Дали се грижи за твојата духовна состојба? Дали презема одговорност и лојалност кон семејството? Дали децата ќе бидат пример на верата или ќе мораш ти да бидеш „свештеник” во семејството? Дали ќе одите заедно на патот кон светоста? Дали за него е важно дека помеѓу вас е Исус, од ден во ден? Сети се: твоето духовно здравје е во прашање. Исто така треба да знаеш дека многу од тоа излегува од душата. Ако е нарушено духовното здравје, да не се чудиш ако и физички нема да имаш доволна сила за понатаму.
Емоциите се важни, иако многумина во некоја рака сокриваат или глумат дека чуствата не се толку важни. Знам дека не сте принцези, ниту разгалени таткови ќерки, но важно е, дали тој, момчето, те сака и внимава, дали тој ти посветува внимание? Или, пак сака да отиде навечер со пријателите на пиво наместо тоа време да го помине со тебе, посебно тогаш кога ти е тешко? Дали те слуша кога се мачиш, зошто во бракот не сте само маж и жена, туку пред сѐ пријатели, најдобри пријатели. Дали те охрабрува или те прегрнува кога плачеш, кога се мачиш или ќе те исмејува и каже, дури на шега, дека си разгалена? Бегај од машките кои немат чувства или кои не се грижат за твоите чувства…, зошто мечето ќе ти биде од поголема помош отколку таков (не) човек!
Овие денови кај мене на ”repeat” свира песната од Брус Спрингстин, ”Tougher than the rest”, што би значило во слободен превод, ”Јаки или храбри од сите останати”. Не сум некој аналитичар на филмот или на музиката, но Спрингстиновиот хит од осумдесетите години длабоко го опишува тоа како треба да биде машкото. На почетокот пее: сабота е навечер, таа (девојка) целата во сино, те набљудував некое време, можеби и ти си ме гледала. Јас нема да навлегувам длабоко за набљудувањето и мотивот или мислите на Спрингстин, но за мене тие зборови го претставуваат машкото кој се восхитува на женското создание, нејзината убавина и сјајот на љубовта. Целата е во сино. Почитуван господине, ако ова го читаш: тој се восхитува на девојката. Тој се восхитува на нејзината убавина, ако тоа е можно, зошто на денешната сцена девојките мислат да имаат што помалку на себе, како би биле што повеќе привлечни. Да, ќе бидат привлечни на тие кои посакуваат да ги искористат за сексуални афери или за една ноќ, но сигурно не на тие кои посакуваат повеќе и кои сакаат како во песната, да се восхитува, да ја набљудува некое време незината целосна убавина, затоа почитувана девојко, внимавај со кој влегуваш во брак, внимавај и како се однесуваш, како се претставуваш и се покажуваш надвор. Можеби и за тебе ќе се најде некој дечко, кој ќе се восхитува на твојата убавина. Таков ќе се восхитува секогаш на тебе и секое утро, кога ќе се разбуди покрај тебе и кога ќе имаш распуштена коса, ќе го погледне најубавото сонце на хоризонтот.
Да спомнам уште еден детал од песната на Спрингстин: Патот е темен како тенка црта, но јас сакам да знаеш дека за тебе секогаш ќе одам по тој пат. Можеби другите не го поминале овој тест, но ако ти си подготвена за љубов, злато, јас сум појак од другите.
Тоа е зрелост и одговорност. Ти си, драго момче, глава на семејството како што Христос е глава на Црквата. Ти си тој кој ќе го преземе на себе тешкиот товар на крстот во семејството и кој ќе го води своето малечко ”стадо” низ кризи и убавини.
На крајот само уште еден збор: внимавајте со кого влегувате во брак, зошто само еден пат се влегува. „Некои ќе побегнат и ќе остават некој со скршено срце”, пее Спрингстин, да не бидеш ти кој ќе го направи тоа. Биди витез, биди јунак, зошто јунаците не се тие кои кршаат срца…
Марио Трифуновиќ/Превод: С.А.