Обраќајќи се директно на папата Фрањо на неговиот 85 роденден, изразувајќи желба со него да можат да си играат, да го видат, прегрнат, да ја изработат задачата и да му подарат. Тоа се деца на кои им помагаат Здружението „Fonte di Ismaele“, заедно со „Medicina Solidale Onlus“ и Апостолската милостилница кои снимија кратка видео порака благодарение на соработката со Телепаче.
Целата невиност, радост и спонтаност на детството се покажува во кратката видео порака која децата од периферијата на Рим му ја испраќаат на Папата за неговиот роденден. Обраќајќи му се на Папата на „ти“, сите се согласуваат во предложувањето на средба целосно заобиколувајќи ја дипломатијата на возрасните. Барањето е меѓутоа сложено. Едно дете прашува: „Кога ќе дојдеш да нѐ посетиш?“ Друго отворено кажува: „Те чекаме овде.“
Но што ќе работиш? Можностите се многу: „Сакам да те прегрнам,“ „да ја изработиме задачата“, „да си играме заедно“. „Ти благодарам што не браниш“, кажува друго дете, потврдувајќи дека децата во целост ја разбираат близината на Папата и нивната посветеност кон нив. Не престанува да чуди што постојат и поздрави полни со доверба како „Чао, чао папа Фрањо“. А тука е и класичната честитка „Happy Birthday“ во верзија на англиски на која и претходат поздрави на шпански, знаци на етичката разноликост типично за општественото ткиво на римските предградија.
Токму од маргините на бискупијата на Римскиот епископ стигнуваат овие пораки реализирани во договор со Телепаче. Поточно се започнува од квартот Tuscolano каде што е седиштето на здружението „Fonte di Ismaele“ кое веќе неколку години делува со децата во соработка со Институтот за медицна на солидарноста Onlus и Апостолската милостилница. „Папата Фрањо дојди и земи ги подароците кои ти ги подготвивме,“ стои во видеото што детално го објасни д-р Луциа Ерколи претседателка на здружението.
Роденденскиот пакет вклучува: книшка со наслов „Saggi nonostante l’età“ („Мудри без разлика на возраста“), со детски коментари за Њујоршката конвенција за правата на детето, игла и тренерка со симболи на учењата на Папата Фрањо и здружението. На крајот, тука е и „Детскиот радио весник – хроники од скриените предградија“ или „иницијативата светот да се гледа низ очите на децата“, објаснува Ерколи, наведувајќи дека наскоро ќе почне да се емитува.
„Центарот е отворени за сите ранливи деца“, потсетува лекарката на ова институција која посебно е наменет за деца со ментални потешкотии и со тешкотии во говорот. (…)
Ватикан њуз/к.мк