Аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Берголио на конклавите на 13 март во 2013 година е избран за поглавар на Католичката Црква како 265 наследник на свети Петар. По повод прославата на денот на Папата потсетувме на тој момент.
Првиот кардинал од редот на ѓаконите Жан-Луис Туран околу 20.15 се појави на свечено украсената ложа на ватиканската базилика Свети Петар и после традиционалната објава на латински „Habemus Papam!“ (Имаме Папа!) соопшти дека кардиналите електори на конклавите го избрале за Папа аргентинскиот кардинал Берголио кој го избира името Фрањо. Папата е избран на вториот ден на конклавите, во вкупно пет гласања.
Папата Фрањо во своето прво обраќање после изборот се заблагодари на мноштвото собрано на плоштадот Свети Петар на дочекот и ги повика верниците да го придружуваат со своите молитви. Појавувањето на новиот поглавар на Католичката Црква на ложата во базиликата Свети Петар собраното мноштво го поздрави со бурен аплауз и восклици „Да живее Папата!“ и „Фрањо, Фрањо!“
„Браќа и сестри, добра вечер! Познато ви е дека должност на конклавите беше да изберат за Рим бискуп. Изгледа дека моите браќа кардинали отидоа да го побараат речиси на крајот на светот,“ се пошегува новиот Папата на сметка на своето аргентинско потекло.
„Ви благодарам за пречекот. Бискупската заедница на Рим има свој бискуп: благодарам! И пред сѐ сакам да се помолам за нашиот почесен бискуп Бенедикт XVI. Да молиме сите заедно за него, Господ да го благослови и Мајка Божја да го чува“, рече Папата, а потоа заедно со верниците измоли Оче наш, Радувај се Маријо и Слава на Отецот.
Сега го започнуваме тој пат, пат на братството, љубовта и меѓусебната доверба. Да се молиме секогаш едни за други, во целиот свет да завладее големо братство. Сакам овој пат на Црквата кој денес го започнуваме да биде плодоносен за евангелизација на овој толку убав град, рече Папата.
Пред благословот Светиот Отец ги замоли верниците за една услуга. „Пред бискупот да го благослови народот, ве молам вие да го замолите Господ да ме благослови мене: тоа ќе биде молитва на народот кој моли благослов за својот бискуп. Во тишина молете за мене.“
Светиот Отец потоа го подели свечениот благослов „Urbi et orbi“. После благословот Папата уште еднаш се обрати на собраните: „Браќа и сестри сега ве оставам. Големо благодарам на прифаќањето. Молете се за мене и се гледаме наскоро. До скоро видување: утре ќе појдам да се помолам на Мајка Божја да го чува целиот Рим. Добра ноќ и пријатен одмор“, рече на крајот на своето прво обраќање.
Пред свечената објава од ложата на базиликата Свети Петар во Сикстинската капела се одржа кратка церемонија. Откако резултатите од гласањето покажаа дека има доволен број гласови, на кардиналот Берголио му се обрати кардиналот Џовани Батиста Ре со прашањето: „Го прифаќаш ли својот канонски избор за Римски првосвештеник?“ После потврдниот одговор му постави друго прашање: „Кое име сакаш да го земеш?“
После таа кратка церемонија во Сикстинската капела запалени се гласачките ливчиња и со белиот дим е даден знак дека е избран новиот Папата. Белиот дим се појави ви 19.06. Новоизбраниот Петров наследник потоа влегува во т.н. Соба на солзите („Stanza delle lacrime“), која така е наречена заради емоциите кои новоизбраните Петрови наследници ги обеземаат по изборот. Во таа соба новиот Папата ја облекува папската облека, а потоа се враќа во Сикстинската капела каде се одржува уште една кратка свеченост со молитва, читање на дел од Евангелието и со завршна молитва. Следува свечениот чин на почест и покорност на кардиналите на новиот папа. Пред самото излегување на ложата во базиликата новиот Папата оди во Капелата на свети Павле каде кратко се моли пред Пресветата Олтарска Тајна.
На веста дека новиот папа е избран на плоштадот Свети Петар се слеа мноштво верници од целиот Ри, според некои проценки пред базиликата се собрале повеќе од 200 илјади луѓе. Првиот Папа Исусовец и првиот Папа од Латинска Америка во црковната историја, како и прв Папа монах од 741 година, им се обрати во едноставната бела облека со железен наместо со златен крст.
Ватикан њуз/к.мк