Видео по повод шестата годишнина од понтификатот на папата Фрањо

Видео по повод шестата годишнина од понтификатот на папата Фрањо

По повод шестата годишнина од понтификатот на папата Фрањо која се одбележува на 13 март Ватикан њуз објави видео во кој се прикажани истакнати моменти од последните дванаесет месеци од понтификатот на папата Фрањо.

Преку видео инсерти и фотографии се прикажани многу моменти на радост, како што се слики од Светскиот ден на млади во Панама, како и погледот на децата и предизвикот на бискупската синода за млади.

Во видеото, кое трае нешто повеќе од една минута, исто така е прикажана близината на Папата со децата, болните и старите лица. Прикажан е и впечатливата прегратка на папата Фрањо и момчето Сафа Ал Аби, на синодата за млади, близина на Папата со затворениците на Светата Миса Вечера Господова на Велики Четврток во затворот Регина цели во Рим и историската посета во Обединетите Арапски Емирати.

Во видеото меѓу другото можат да се видат призори од Крстниот пат на Колосеумот, заминувањето на духовни вежби во Арича, како и инсерти и фотографии од други настани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот