Видео порака на Папата: Грижа за создаденото

Да се грижиме за создаденото, затоа што го имаме примено како дар, кој треба да се култивира и штити за идните генерации – е општата молитвена накана на Папата за месец февруари. Во пораката Папата истакнува дека „верниците и неверниците се согласуваат дека земјата е наше заедничко наследство, чиј плодови треба да ги користат сите“. Сеедно – продолжува – денес односот меѓу сиромаштвото и кревкоста на планетата бара поинаков начин на грижа околу стопанството и напредокот, замислувајќи нов стил на живот.

Потребно ни е преобраќање кое исте нас ќе нѐ обедини – додаде папата, потребна ни е слобода од „ропството на конзумерството“ како би се „грижеле за нашиот заеднички дом“.

Видео пораката во која Светиот Отец зборува на шпански јазик е преведена на 10 јазици и е плод на иницијативата Апостолат на молитва со цел да се промовираат молитвените накани на Папата.

Видеото со македонски титлови може да го погледнете тука:

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот