Верниците со молитва се борат против поставувањето на сатанска статуа во Детроит
Неколку стотици верници се собраа во саботата на света Литургија, на исповед и Евхаристиско обожавање во црквата Свети Јосиф во Детроит за да го изразат своето несогласување со неодамна поставената статуа Бахомет, божество со глава на јарец кои го почитуваат следбениците на сатаната и окултистите, а кое во текот на XIX век станало симбол на ѓаволот.
„Сакавме нешто да преземеме, а светата Литургија е најсилната молитва. Помисливме дека најсоодветно е да се служи света Литургија со исповед за да се покаеме за сопствените гревови и да се молиме на Пресветото Срце Исусово за задоволување“ – рече Тереза Шисолм од парохијата свети Јосиф.
Бронзениот споменик е висок речиси три метра и тежок два тона поставен е на непозната локација, а според медиумите на настаните може да присуствуваат само лица со посебни влезници. Првичната желба на организаторите била да постават споменик пред зградата на владата на сојузната држава во Оклахома Сити и тоа покрај споменикот на Десетте заповеди, но откако Врховниот суд на Оклахома одлучил дека на верските симболи не им е местото на јавните површини, сатанистите морале да пронајдат друга локација.
Во пресрет на поставувањето на споменикот на веб страницата на сатанистичкиот храм е објавен следниот повик:
„Сатанистичкиот храм ве поканува да ни се придружите во ноќта на хаосот, бучавата и развратот во текот на откривањето (на споменикот) – хедонистичката прослава на која ќе биде претставена контраверзната статуа на Бахомет придружена со провокативни перформански и инсталации… Настанот ќе послужи како повик на борба со која ќе ја започнеме својата најжестока војна во името на личните права за слобода од себеслужечките теократи. Дојди, играј со ѓаволот и искуси го создавањето на историјата.“
И останатите христијански заедници во Детроит остро се спротивставиле на оваа иницијатива.
„Најмалку што ни е потребно е добредојде на злото – коментирал баптистичкиот пастор Дејв Булок, додека Корлет Вон од Евангелската црква порачала дека нејзините верници нема да дозволат претворање на Детроит во град на сатанисти.
Сектата на сатанистичкиот храм од Детроит се претставува како „атеистичка верска организација посветена на сатанската пракса и промовирање на сатанските права“, а која „сатаната ја прифаќа како симбол на човечката природа, преставник на вечниот бунт, просветлено трагање и лична слобода.“
Од сектата најавуваат дека споменикот сакаат да го преселат пред зградата на сојузната влада во Арканзас, бидејќи таму е планирано поставување на споменик на Десетте заповеди.
Миодраг Војводиќ/Битно.нет/к.мк/Д.И.