Верниците од Радово упатија честитка до Папата за неговиот роденден (дополнето)

Во црквата Свети Пророк Илија во Радово на 17 декември 2013 Молитвено беше одбележан роденденот на папата Фрањо, под геслото: – „А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мт.16,18).

По повод 77-от роденден на Христовиот намесник и Петров наследник, Светиот Отец папа Фрањо, беше одржана молитва за добро здравје и долг живот. Младите од парохијата од повеќето предлози како сликовито да биде изразена поврзаноста со поглаварот на Универзалната Христова Црква избраа наједноставен начин со испишување на името и желбата за папата со запалени свеќи. На молитвата зедоа учество верници од сите генерации на парохијата и со молитва и песна му посакаа – Многаја Лета, на саканиот пастир.

з.и.с.

Категорија: Македонија

За авторот