Верникот поради суета може да ја изгуби верата, а паганинот може преку понизноста да стане верник

Верникот поради суета може да ја изгуби верата, а паганинот може преку понизноста да стане верник – истакна Папата во проповедта на светата Литургија на 13 февруари во капелата на домот Света Марта.

Коментирајќи ги литургиските читања, Папата рече дека поттикнуваат на размислување за двојно одење: од идолопоклонство кон живиот Бог и обратно, од живиот Бог кон идолопоклонство. Осврнувајќи се на делот од Евангелието Папата рече дека „храбрата жена“ Хананејка односно паганка Го моли Исус да ја ослободи нејзината ќерка од нечистиот дух. Мајката била очајна, а мајка за здравјето на детето би направила сѐ – рече Папата.

Исус многу јасно и објаснува дека дошол поради овците од домот Израилев: „Остави најнапред да се насити челадта! Зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.“ (Марко 7,27), А жената иако немала високо образование знаела како да одговори: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.“ (Марко 7,28). Не се срамела, а Исус заради нејзината вера направил чудо – рече Светиот Отец објаснувајќи:

И покрај опасноста да се посрами била упорна и како паганка за својата ќерка најде здравје, а за себе живиот Бог. Тоа е патот на луѓе со добра волја, кои го бараат Бог. Бог ја благословува. Колку луѓе одат по тој пат, а Бог ги чека. Светиот Дух ги води на тој пат. Во Божјата Црква секој ден има човек кој тивко доаѓа на тој пат, да го најде Бог препуштајќи се Светиот Дух да го води – кажа папата Фрањо.

Но има и спротивен пат – продолжи Папата – како Соломоновиот, за кое говори денешното старозаветно читање. Соломон бил најмудриот човек во своето време, Бог го обдарил со многу добра „насекаде бил  на добар глас и имал голема моќ“ верувал во Бог, а што се случило? Му се допаѓале жени, сакал многу туѓинки кои му го свртиле срцето кон своите богови, така во Израил вовел идоли. Тие жени постепено му го ослабнале срцето и срцете повеќе не му беше верно на Бог, како срцето на Давид, неговиот татко – потсети Папата и објасни.

Толку многу му ослабнало срцето што ја изгубил верата. Најмудриот човек на светот се препуштил најнапред да го води несовесна љубов, без дискреција. Неговите страсти го воделе напред. Некој би можел да каже: „Но, оче, Соломон не ја изгубил верата верувал во Бог и бил способен да ја чита Библијата!“ Да, вистина е, но да веруваш не значи да бидеш способен да го изговараш Симболот на Верата. Ти можеш да го изговараш Символот на Верата и со изгубена вера – рече папата Фрањо додавајќи:

Соломон бил грешник како и неговиот татко Давид. Опстојуваше на грешниот пат па од грешник стана расипник. Идолопоклонството му го затворило срцето. Неговиот татко бил грешник, но Бог му ги простил сите гревови, затоа што бил понизен и барал простување. Напротив, иако Соломон бил многу мудар, страстите и неговата суета го довеле до расипаност. Верата всушност се губи во срцето – рече Папата.

Семето на злото – неговите страсти пораснале во неговото срце и го одвело во идолопоклонство. А слушнавме после првото читање во псалмот многу добар совет: „понизно прифатете го Словото – затоа што Словото засадено во вас може да ви донесе спасение. Да се упатиме по патот на жената Хананејка, паганка, прифаќајќи го Словото Божјо, кое е засадено во нас и кое ќе ни донесе спасение. Нека Словото на Семоќниот Бог, нѐ чува на тој пат и да не дозволи да западнеме во расипаност, а потоа во идолопоклонство – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот