Верата не е отуѓување, туку подготовка за вечен живот

Христијанскиот живот е подготовка за последната средба со Бог, која е придружена од Христос, кој е со нас „како пријател” и  кој „со пастирска грижа”, ни помага да прогледаме со очите на душата. Тоа го истакна папата Фрањо на светата Литургија на 26 парил, која ја служеше во капелата на домот Света Марта во Ватикан. На Литургиата присуствуваа претставници н а Ватиканската печатница, жандермеријата, како и претставници на агенцијата за вработување при Светата Столица.

Во проповедта Светиот отец говореше за евангелието во кое Исус ги теши своите ученици велејќи: Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте (Иван 14,1-6). Исус им зборува како пријател и со нив има „пастирски однос“, рече папата Фрањо. Тој им зборува за небото и дека оди да им приготви „место“ во домот на својот Отец. Но какво е тоа место и што значи тоа, праша Светиот Отец.

„Христијанскиот живот е дело на Исус и Светиот Дух, за да ни подготват место и да ги подготват нашите очи да гледаат подобро”. Папата направи споредба со оние кои страдаат од катаракт, кои по операцијата „прогледуваат”: Значи и „очите на душата имаат потреба да бидат подготвени, за да го видат прекрасниот лик на Исус. Ушите да бидат подготвени за да слушнат прекрасни нешта, прекрасни зборови, а пред се најважно е да се подготви срцето за да љуби, да љуби повеќе.“

Целиот наш живот е подготовка за нашата небесната татковина, продолжи папата Фрањо. Понекогаш на Господ мора да побрза, како што направи со разбојникот: имаше само неколку минути да го подготви за небо и го подготви.

„Подготовката за небо значи да го гледаме оддалеку. Тоа не е отуѓување: тоа е вистината, тоа значи да му дозволиме Исус да го подготви нашето срцето и нашите очи за бескрајната голема убавина. Тоа е патот на убавината, пат по кој се враќаме во нашата татковината.” Некој би можел да каже: Оче бев кај еден филозоф и ми рече дека сите тие мисли се еден врст отуѓување; дека сме отуѓени и дека животот е таков каков што е, дека не се знае што следува после смртта… Некои така размислуваат… Но Исус тврди дека не е така и ни вели: Верувајте ми на мене, бидејќи е вистина она што го говорам; јас нема да те изневерам, не те лажам – рече папата.

На крајот папата се помоли: Господ да ни даде силна надеж, храброст и понизност, за да дозволиме да подготви живеалиште, конечно живеалиште во нашите срца, нашите очи и нашиот слух – заврши со својата проповед папата Фрањо. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<