Ватикан планира да ги отвори катакомбите во кои се наоѓа еден од најстарите прикази на Исус со брада
Обновата на катакомбите Камодила финансиски ги поддржува фондацијата Хејдар Алијев од Азербејџан.
Ватикан планира да ги отвори за јавноста римските катакомби Камодила. Папската комисија за сакрална археологија заради тоа потпиша план за обнова на погребното место.
До сега веќе се изведени работи на статиката на малата базилика која е посветена на мачениците Феликс и Адауктус. После тоа следи обнова на насликаните ѕидови.
Обновата на катакомбите Камодила финансиски го поддржува фондацијата Хејдар Алијев од Азербејџан кој веќе кофинансира одредени работи во римските катакомби.
Инаку катакомбите Камодила се наоѓаат на улицата Виа Остиенсис и содржат еден од најстарите прикази на Исус со брада. Крајот на XVI век ги открил археологот Антонио Босио, а ги идентификуваше во 19 век Џовани Батиста де Роси. Ископувањата во катакомбите во 1933 и 1934 година ги водеше фрањевскиот археолог Белармино Багати.
Ватикан њуз/к.мк