Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави на 23 мај дека Ватиканските музеи повторно ќе се отворат за посетители во понеделник на 1 јуни, заинтересираните во јуни повторно ќе можат да го разгледуваат и паркот во Кастел Гандолфо – сабота и недела од 10 до 18 часот.
Во соопштението исто така се истакнува дека посетителите ќе мора строго да се придржуваат кон безбедносните и епидемиолошките мерки, влезниците ќе треба да се резервираат онлајн, но нема да се наплаќаат вообичаени 4 евра. На посетителите на влезот ќе им се мери температура, а маските за лице се задолжителни. Работното време исто така е сменето – од понеделник до четврток музеите ќе бидат отворени од 10 до 20 часот, а во петок и сабота до 22 часот. Тие два дена ќе биде можно и да се испие аперитив во дворот на Пиња, секако со физичка дистанца. Но, некогаш вообичаениот бесплатен влез во последната недела од месецот ќе се изостави, а откажан е и возот кој секоја сабота ги превезуваше посетителите од ватиканската станица во Кастел Гандолфо.
Нова понуда е возењето во панорамските, отворени автобуси во Ватиканските градини, исто така со задолжителна онлајн резервација.
Ватиканските музеи затворени се за јавност од 9 март, откако во Ватикан беше дијагностициран првиот случај на зараза со коронавирусот, и тие можеа да се видат само виртуелно на нивните службени официјални интернетски страни.
Ватикан њуз/к.м