Брифинг за Синодата: Потребно е да се истакнат позитивните страни на семејниот живот

Семејството треба да се прифати и да се следи во сите негови тешкотии, меѓутоа потребно е исто така да се истакнат позитивните страни на семејниот живот – е еден од видиците произлезени од редовниот брифинг, одржан на 16 октомври во Канцеларијата за печат при Светиот Престол, на крајот од попладневната работа на Синодата за семејството.

Синодата е одење кое продолжува во име на транспарентноста и учеството. Со тие зборови патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, ја прикажа одлуката донесена во синодалната сала, да се објават излагањата одржани во текот на работата на десетте помали групи, а кои накратко го одразуваат ставот на јазичните групи на кои синодалните отци се поделени во оваа, втора недела од одржувањето на Синодата. Тоа е желба на синодалните отци во склад со одлуката да се објави ‘Relatio post-disceptationem’, и исто така и излагањата на помалите групи треба да се сметаат за работни документи во кои не е ништо конечно, туку тие се само принос на целото одење на Синодата – напомена патер Ломбарди.

Освен тоа, денеска во Секретаријатот на Епископската синода претставени се и т.н. „начини“, односно предлози за ревизија на „Извештајот после дискусиите“, кои ќе треба да се разработат како би се составил завршен синодален документ, кој би требало да биде прифатен во сабота попладне. Следејќи ги забелешките дека во Советот задолжен за составување на завршниот документ нема претставници од африканскиот континент – напомена патер Ломбарди – папата Фрањо одлучи да ги додаде на тоа тело кардинал Напиера и монсињор Харта, како претставници на Африка и Нов Зеланд.

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол го пренесе потоа објаснувањето во име на кардиналот Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата, кој ги демантира написите дека извештајот од Синодата го оценил за недостоен, срамотен и потполно погрешен.

Кардиналот Шонборн, виенскиот надбискуп, истакна голем интерес за Синодата, толкувајќи ја со длабочината на ситуацијата која семејството ја носи со себе. Притоа го истакна и нејзиниот дар, во минатото како и денес, дека е вистинска мрежа на преживување. Мислам дека, без оглед на бројните морални прашања, мораме да ја видиме важаната и позитивна улога на семејството – напомена кардиналот. Мислам дека Папата нас нè повика да ги разгледаме темите за семејството, не затоа да го видиме сето она што не функционира во семејството (…) туку како би ја покажале пред сè убавината на семејството, и животната потреба за него. Поради тоа нè повика внимателно да ја гледаме стварноста – забележа виенскиот надбискуп.

Брачниот пар Џузепина и Франко Мијано, учесници на Синодата, на брифингот истакнаа дека денес е неопходно потребно да се говори за позитивните случувања од животот на семејството, и тоа затоа – како што рече Франко – да се истакне дека има многу семејства кои, и покрај тешкотиите на животот, се трудат да го живеат Евангелието. Тоа не значи дека треба да се судат другите ситуации, туку напротив, токму спротивно – додаде Франко и објасни – Настојување на Синодата е настојување околу придружувањето, околу тоа да знаеме да се приближиме и да се грижиме за потешки ситуации, секогаш истакнувајќи ја убавината на семејството.

Џузепина се задржа на „реализмот“ кои синодалните отци го воочија во соочувањето со проблемите на современото семејство; односно, со други зборови – како што рече – на изразената волја да се започне со слушање на животот, а не од теориско навестување на некои начела.

На едно од поставените прашања поставени на кардинал Шонборн на крајот од брифингот, околу „напнатостите“ во синодалната сала, за одразувањето на тешкотиите во ускладувањето на науката и прифаќањето, кардинал Шонборн симпатично одговори земајќи пример токму од семејниот живот. Ако некои синодални отци предупредат дека не треба да се заборави науката; а од друга страна е пак потребно да се пропратат бројни ситуации, за кои Папата препорачува полска болница, тоа е – според зборовите на кардиналот – како кога во семејството се случува мајката да каже за нешто дека е преопасно, а таткото да го охрабри детето со зборовите: „Не, немој да се плашиш“. Се наоѓаме во големо семејство; така велат некои: Пазете! Имаат права, опасно е! Додека други велат: „Немојте да се плашите“ – рече кардиналот.

Од другите одговори на прашањата на новинарите, како стожери на кои треба да се гради синодалниот материјал, посебно произлегоа поимите „да се придружува“ и „прифаќање“. И тоа, на пример, во случај на фактички бракови, како и за сите други состојби кои се однесуваат на светот на семејствата, во кои има страдање. Што се однесува на хомосексуалните заедници, кардинал Шонборн јасно ги истакна принципите на христијанската вера.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот