Бракот е сојуз на љубовта меѓу мажот и жената
Сојузот на љубовта помеѓу мажот и жената е брак, а тој не се склопува на брзина – истакна Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 27 мај на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за вредноста на свршувачката.
Сојузот на љубовта помеѓу мажот и жената е брак, а тој не се склопува на брзина – истакна Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 27 мај на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за вредноста на свршувачката која е – како што рече – речиси чудо на слободата и срцата. Папата ја истакна опасноста на потрошувачката култура бидејќи ги поткопува темелите на бракот како сојуз за цел живот.
Зборувајќи за свршувачката, Папата ја продолжи серијата катехези за семејството. Обраќајќи се на бројните млади кои беа присутни на плоштадот, Папата рече дека свршувачката е поврзана со довербата и слободата. Бракот помеѓу мажот и жената не се склопува на бразина. Свршувачката трае едно време, подобро кажано дека се на пат на кој мажот и жената се повикани да поработат на љубовта – рече Светиот Отец.
Свршувачката е време на учење кое не треба да се потценува. Сојузот на љубовта помеѓу мажот и жената, сојузот за живот не се импровизира, не се случува во еден ден. Нема брз брак: треба да се работи на љубовта, треба да се оди заедно. Љубовниот сојуз помеѓу мажот и жената се учи и усовршува. Се осудувам да кажам дека тој е „стручен“ сојуз. Два животи да ги стопиш во еден, речиси е чудо на слободата и срцата, доверено на верата – рече Папата.
Можеби мораме повеќе да поработиме на тоа, бидејќи нашите емоционални насоки малку се побркале. Оној кој сака веднаш да постигне сè, исто така многу лесно и брзо се предава на сè, штом се појави првата тешкотија (или првата можност). Нема надеж за довербата и за верноста на себедарувањето ако надвладее навиката љубовта да се конзумира како некој вид додаток за психофизичката благосостојба. Тоа не е љубов – рече папата Фрањо.
Истите зборови Светиот Отец ги повтори поздравувајќи ги поклониците од шпанското говорно подрачје поттикнувајќи на спротивставување на потрошувачката култура, која често преовладува во нашите општества. Таа култура настојува да ја претвори љубовта во потрошен материјал кој не може да биде темел за животниот сојуз – рече Светиот Отец.
Зборувајќи спонтано, Папата потсети дека и Бог кога зборува за сојузот со својот народ ја користи сликата за свршувачката, а ги истакна зборовите на пророкот Осија: „И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и суд, во благослов и милосрдност. И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.“ ( 2, 19-20). Папата ги повика младите италјанци да го читат „Свршеник“ од Манзони, кој го нарече ремек-дело за свршувачката.
Младите треба да го познаваат и да го читат „Свршениците;“ во тоа ремек-дело е опишана историјата на свршениците кои потполно трпат, кои поминале низ многу тешкотии и на крајот доаѓаат до брак. Немојте да го занемарите ремек-делото за свршувачката, кое ви ја нуди италјанската литература. Читајте го и ќе ја откриете убавината и страдањата, но и верноста на свршениците – поттикна папата Фрањо.
Важно е да се разликува верени и оженети. Црквата ја чува разликата помеѓу свршувачката и бракот – рече Папата и истакна дека „силните симболи на телото ги држат клучевите на душата“; не може лесно да се постапува со телесните врски и при тоа да не се отвори некаква трајна рана во душата. Секако, културата и денешното општество станаа рамнодушни кон чувствителноста и сериозноста на свршувачката, а не се великодушни ниту кон младите кои сериозно имаат намера да основаат семејство и да имаат деца. Напротив, често на патот им се ставени илјадници пречки, премолчани и практични – рече Папата и се осврна на подготовката за бракот.
Подготовките за брак свршениците често ги доживеваат како некој товар и не ги прифаќаат со задоволство. Сепак, после тоа искуство многумина се многу задоволни и благодарни, бидејќи имале можност подетално и сериозно да размислуваат за сопственото искуство. Многу свршеници долго време се заедно можеби во интимни односи, а можеби живеат и заедно и покрај тоа не се познаваат добро. Тоа изгледа чудно, но искуството така покажува. Затоа одново треба да се вреднува свршувачката како време на взаемно запознавање и споделување на проекти. Периодот за подготовка за брак треба да се разгледува од таа перспектива, земајќи го во предвид едноставното и уверливото сведочење на христијанските сопружници – објасни Светиот Отец.
Потсетувајќи како свршувачката го отвара хоризонтот за семејство, Папата ги поттикна свршениците на заедничко читање на Светото Писмо, на заедничка молитва и пристапување на светите Тајни. Ги повика идните сопружници ангажирано да го живеат времето пред склопувањето на бракот. Времето на свршувачката може да стане време на воведување, во што? Во изненадување! Во изненадување од духовните дарови кој Господ преку Црквата го збогатува хоризонтот на новото семејство кое се подготвува да живее во неговиот благослов – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.