Божјото милосрдие е поголемо од поделбата на христијаните

Генералната аудиенција одржана на 20 јануари во салата Павле VI, Светиот Отец ја посвети на Молитвената осмина за единство на христијаните која секоја година се одржува од 18 до 25 јануари.

Генералната аудиенција одржана на 20 јануари во салата Павле VI, Светиот Отец ја посвети на Молитвената осмина за единство на христијаните која секоја година се одржува од 18 до 25 јануари. Папата катехезата ја заснова врз темата на Молитвената недела „Повикани сме на сите да им ги навестуваме прекрасните дела Божји“ која што екуменската група од Летонија, задолжена за подготовка на Молитвената недела го зема од Првото послание на свети Петар.

Во центарот на лутеранската катедрала во Рига се наоѓа извор за крштение од дванесеттиот век, од времето кога во Летонија свети Меинхард го навестувал Евангелието. Тој извор за крштение е елоквентен знак на почетоците на верата на сите христијани во Летонија: католици, лутерани и православни. Нашето заедничко Крштение е извор на верата. Вториот ватикански собор вели: „Крстот е светотаинска врска на единството меѓу сите кои нему се подредени“ (УР 22)

Првото послание на свети Петар е упатено до првата генерација христијани да бидат свесни кој дар го примиле со крштението и последователните обврски. И ние сме повикани во ова Молитвена недела заедно одново сето тоа да го откриеме, надминувајќи ги своите поделби – рече папата Фрањо.

На сите нас заеднично ни е Крштението, а тоа во прв ред значи дека сите сме грешници и дека ни е потребно спасение, откупување и ослободување од злото. Тоа е негативниот аспект кој во Првото послание на свети Петар го нарекува „темнина“ кога вели: Бог ве повика од темнината во својата прекрасна светлина. Тоа е искуството на смртта која Христос ја прифатил, а која во Крштението ја симболизира потопувањето во водата, а излегувањето од бањата на крштението симболизира воскресение за нов живот во Христос – истакна Светиот Отец.

Кога ние христијаните велиме дека ни е заедничко Крштението тврдиме дека сите – католици, протестанти и православни – од отуѓувачката и немила темнина сме повикани на средба со живиот и милосрден Бог. Сите за жал го вкусуваме егоизмот кој раѓа поделби, затворање, презир. Појдувајќи од Крштението значи одново да го пронајдеме изворот на милосрдието, надежта за сите затоа што од Божјото милосрдие никој не е исклучен. Никој не е исклучен – повтори папата Фрањо.

Споделувањето на овие милости создава неразделива врска меѓу нас христијаните, преку Крштението навистина можеме да се сметаме за браќа. Ние навистина сме Божјиот народ иако сè уште не сме заради своите гревови целосно обединет народ. Божјото милосрдие кое делува преку Крштението е посилно од нашите поделби. Посилно е – нагласи Папата.

Во мерката во која ја прифаќаме милоста на милосрдието на сѐ поцелосен начин стануваме Божји народ и стануваме способни на сите да ги навестиме неговите прекрасни дела токму појдувајќи од едноставното и братското сведочење на единството. Ние христијаните можеме на сите да им ја навестиме силата на Евангелието, настојувајќи да споделуваме духовни и телесни дела на милосрдието. А тоа е вистинско сведочење на единството меѓу нас христијаните: протестанти, православни и католици – рече папата Фрањо.

Драги браќа и сестри ние сме христијани, преку крштелната милост сме го добиле Божјото милосрдие и примени сме во Божјиот народ. Сите сме царско свештенство и еден свет народ. Тоа значи дека имаме заедничко послание, а тоа е на другите да им го пренесуваме применото милосрдие, поаѓајќи од најсиромашните и напуштените. Во текот на ова молитвена осмина да молиме сите ние Христови ученици да најдеме начин за соработка за во секое катче од земјата да го носиме милосрдието на Отецот – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот