Божиќна претстава во Скопје
Во четврток 25 декември 2015 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје после свеченото Евхаристиско славење на празникот Рождество Христово – Божиќ, кое го предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, следуваше Божиќна претстава.
Во првиот дел од претставата децата преку драма на присутните го приближија таинството на Божиќ преку две слики во кои е содржано навестувањето на ангелот на Блажена Дева Марија и Исуовото раѓање. Во вториот дел децата и младите испеаја традиционални божиќни песни на различни јазици пропратени со кореографија. Со тоа ја покажаа детската радост која извира од богатството на Божиќ, а таа прекрасна атмосфера ги опфати и присутните.
На крајот бискупот Стојанов им заблагодари на децата и организаторите, ги охрабри и ги повика да бидат секогаш носители на ова духовно богатство кое ги радува нашите срца.
Во подготовката на Божиќната претстава помогнаа парохискиот викар дон Јошт Мезег, како и верничките Даниела Брзова и Јадранка Чадиновска.
к.мк/д.Д.Т.