Во организација на Католичката Црква во Битола во соработка со Заедницата на Хрвати во Битола – на празникот Свети Стефан, според грегоријанскиот календар, 26 декември 2023 година, се одржа Божиќни концерт во црквата „Пресвето Срце Исуово“ во Битола. Настапуваше хорот од КУД „Стив Наумов“ – Битола, воден од диригент професор Лилјана Трајковска Димовски, настапија и солист сопран Билијана Талевска, пијано Александра Пецакова. Водител на настанот беше Јелена Петровска.
Пред концертот монсиниор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко -скопски епарх, служепе света Литургја. Во проповед се осврна на животот на свети Стефан и ги повика верници да го следат маченикот во сопствениот живот.
к.мк