Богородица сака да ја сподели со своите деца тајната за раѓањето на Исус

Богородица сака да ја сподели со своите деца тајната за раѓањето на Исус

Срцето е нешто посебно. Таму се сретнуваат човечките и божествени настани. На хебрејски гледано, срцето е целиот човек. Во него е вклучена и совеста. Секој ја носи својата историја во своето срце. Тука има убави моменти, но има и такви за кои не би сакале да зборуваме или да се сеќаваме. Затоа човекот е тајна за другиот. Да се запознаеш со човек значи да го знаеш неговото срце. Бог го познава човечкото срце, нему сѐ му е откриено, познато. Понекогаш и ние сакаме да сфатиме што кријат човечките срца. Еден човек не може да го стори тоа сè додека не се отвори за другиот човек. Бог нема тајни од нас. Тој ни откри сè преку Неговиот Син.

Така на нас ни е откриено сè она што е Марија. Богородица сака да ја сподели со своите деца тајната за раѓањето на Исус. Евангелистот Лука пишува дека Марија ги чувала сите настани во своето срце и размислувала за нив. Таа ги запаметила и најтешките моменти околу раѓањето на Исус: присилното патување од Назарет до Витлеем, раѓањето на Исус, појавувањето ангели на небото, бегството од суровиот Ирод, пророштвото на Симон и Ана, колењето на децата. Марија ги запаметила, можеби за нас безначајно и доаѓањето на пастирите во шталата во Витлеем. Таа ги пазела сите овие настани во своето срце затоа што имаа големо спасително значење. Тие настани ѝ помогнаа да верува во зборовите на Исус. Таа поинаку гледала на Исусовите страдањата и смртта. Потоа се сеќавала на сите оние настани што ги носеше во своето срце.

Од срцето на Марија се гледа посетата пастирите, кои ги чуваа овците на витлеемските полињата. Пастирите не беа на добар глас. Сепак, токму кај нив се јави ангелот Господов и тие први отидоа и му се поклонија на Господ. Тие отидоа до витлеемската штала со извици на ангелските гласови и воскликнувања. Одеа како кралот Давид, кој пееше и танцуваше пред ковчегот на заветот. Затоа, тргнале да му се поклонат на Месијата. Сега ковчегот на Заветот е Исус, Неговото тело е положено во јасли. Тој е Храмот на Отецот. Можеме да ги замислиме блескавите срца на пастирите. Нив ги водеше таинствена сила што сè уште ја немаат сретнато. Во ова ја препознаваме Силата одозгора, силата на Светиот Дух.

Пастирите во Исус го препознале Месијата, претскажан од пророците. Сигурно ги слушнале пророштвата и ги прочитале писмата. Моментот на средба со Исус за нив станува нов почеток. Од луѓе со лош глас, тие станаа носители на радосната вест: „Се роди Емануел, Месијата, Бог е со нас“. Станаа нови луѓе. Многумина поверуваа на нивното сведочење. Со тоа тие ја презедоа одговорноста за ширење на христијанството. Дали можеме да си замислиме како Витлеем и Ерусалим се бунтувале заради раѓањето на Исус. Но, радоста на пастирите никој не можел да ја запре. Тие биле исполнети со Светиот Дух, кој тој ден се излеал во нивните срца.

Полнотата на времето за која зборува свети Павле во посланието до Галатјаните (4,7) ги исполнува нашите срца со радост. По раѓањето на Исус, примаме и посвојување. Стануваме синови и ќерки на самиот Бог. Ова раѓање се одвива преку Светиот Дух, кој живее во нашите срца. Тој ни воскликнува: „Ава! Оче! „Радоста што ја почувствуваа Марија, Јосиф и пастирите ја чувствуваме и ние, соучесниците на Исусовото раѓањето. Да погледнеме во нашето срце и да ја откриеме радоста која ја носиме во него. Таа радост мора да стане во нас извор на посланието со силата на Светиот Дух. Да воскликнеме од срце како пастирите, да ја прошириме радосната вест. Пастирите со пораката за Новородениот Младенец предизвикаа лавина на непријателско зло. Сè додека сме соединети со Господ, злото не ни може ништо.

Погледни денес во твоето срцето. Отвори му го за малиот Исус. Дај му ги твоите најтешки моменти, за кои не сакаш да се спомнуваш или од кои се срамиш. Затоа тој стана човек, за да го преземе твојот срам и да те направи човек според неговото срце. Често воскликнувај на Бог и радувај се како пастирите, кои ја носат радосната вест. Славеничка песна ги руши сите ѕидови. Наполни го срцето со евангелската порака и додека го читате Божјото Слово, погледнете го Исус заедно со Марија.

патер Арек Красицки

Категорија: Вера, Духовност

За авторот