Богопосветените лица се конкретен знак за Божјата близина
На 2 јануари, денот кога Црквата го слави празникот Сретение Господов воедно се слави и Денот на Богопосветениот живот. Оваа година, празникот се совпаѓа со затворање на Годината на Богопосветениот живот, која започна на 30 ноември 2014.
Папата Фрањо на Светата Литургија, која ја служеше во базиликата „Свети Петар” повика богопосветените да бидат мажи и жени на средба, чувари на восхитувањето и да ја доживеат радоста со благодарност.
На Литургијата присуствуваа и монахињи, дојдени во Рим од сите краишта на светот по повод затворањето на Годината на Богопосветениот живот кои во оваа посебна Година ја подржаа преку молитвената иницијатива насловена „Светска молитвен синџир на манастирите”.
Литургијата започна со процесија составена од 50 богопосветени – 25 мажи и 25 жени – од различни делови на светот, знак на нивното разновидно служење и различни форми на богопосветен живот, универзалноста на Богопосветениот живот и нивната обврска во служба на сиромашните и последните.
Дете како многу други, но кое ни го „донесе милосрдието и Божјата нежност“. Тоа е Исус, лицето на милосрдието на Отецот, новоста и Овоплотувањето, кој ни се јавува како вечно изненадување на Бог – рече Светиот Отец. Богопосветените лица се повикани да бидат мажи и жени на средба „и конкретен и пророчки знак за близината на Бога”:
„Сите форми на богопосветен живот, секој со свои карактеристики, се повикани да бидат постојано во служба на мисијата, споделувајќи радост и надеж, маките и загриженоста на луѓето околу нас, особено на сиромашните и на оние кои страдаат”.
Исус е „новност која менува сè”, рече Папата. „Кој вистински ќе го сретне Исус не може да остане ист. Тој станува сведок и дава можност да се оствари средба и за други:
Зборувајќи за празникот Сретение Господово, Папата потсети дека Јосиф и Марија „се восхитуваа за она што беше кажано за нивниот Син“. „Ние како христијани и богопосветени сме чувари на тоа восхитување”, рече Светиот Отец:
„Восхитување, кое постојано бара се обновува; не треба да постои навиката во духовниот живот; не треба нашите харизми да бидат трајна форма на апстрактна доктрина. Нашите основоположниците биле поттикнати од Светиот Дух и не се плашеле да ги извалкаат рацете во секојдневниот живот, со проблемите на луѓето, поминувајќи со храброст низ географските и егзистенцијални периферии”.
„Основачите на институтите за богопосветен живот ја чуваат во нивните срца восхитеноста од средбата со Христос:
„Тие не запреа пред пречките и неразбирањето од страна на другите, бидејќи ја чуваа во нивните срца восхитеноста од средбата со Христос. Не ја „скротија” благодатта на Евангелието; во срцето ја зачувале восхитеноста од Господ, во нив горела желбата да го однесат Христос на другите, како што направија Марија и Јосиф во Ерусалимскиот храм. Ние исто така сме повикани денес да преземеме пророчки и храбри одлуки”.
„Да се научиме да бидеме благодарни за средбата со Исус и дарот на повикот”, рече Папата.
„Колку е убаво кога ќе ги сретнеме богопосветените со среќни лица, дури и оние постарите, како Симеон и Ана, среќни и исполнети со благодарност за своето звање. Звањето е збор во кој може да се сумира сè што сме преживеале оваа година на богопосветениот живот: благодарност за дарот на Светиот Дух, кој секогаш ја инспирира Црквата преку различните харизми”, рече на крајот папа Фрањо.
РВ/го*ко