Блуд, пари и успех – пат до среќата или горка осаменост?
Некогаш помислуваме вака: да ги зграбиме парите, сексот и успехот и да ги ставиме во садот на своето срце и на крајот да направиме коктел кој се вика среќа. Изгледа едноставно и сосема можно. Зошто не? Па логично е. Сè е на дофат на рацете. Па така сите настојуваат. Има толку готови рецепти. Би морало да биде добро и слатко!
Кога ќе се напиеме од тој пијалак, наречен среќа, веќе во устата ја чувствуваме горчината, а во желудникот ни се создава мачнина. Не е тоа така едноставно како ни се чини отпрвин. Парите сепак се само материјалност. Сексот, кога е само извор на сопствено уживање, остава чувство на киселост, а успехот создава притисок од сите страни. Работите не ги задоволуваат личностите. Голото уживање не го исполнува срцето. А што е, на крајот на краиштата, успехот? Дали е тоа кога сите ме фалат? Ми ласкаат. Се плашат од мене. Ми се восхитуваат. Ме оговараат. Ми завидуваат. Дали е тоа она што создава длабоко чувство на мир и задоволство?
Тоа блажено тројство: пари, секс и успех, тоа привлечно тројство, тоа звучно тројство, сепак е гнило и лажливо. Како прво, тоа го пумпа моето его. А моето его е незаситно. Шупливо. Тоа е дупка без дно. Колку пари би можело да го наполни? Колку секс? Колку успех?
Да кажеме, кога и би го исполнило, дали моето его би бил задоволен сам на светот. Парите ме осамуваат. Само сексот и уште повеќе, а успехот најмногу. А може ли моето его да биде среќно во одделеноста од сите други? Зарем пријателството не усреќува? Зарем верноста на друга личност не усреќува? Зарем едноставната соработка со другите не усреќува? Зарем молитвата не пружи утеха? Мир на душата? Зарем единството со Создателот не ме потврдува како создание? Зарем вршењето на волјата на Отецот не ме потврдува како дете Божјо? Зарем слободата од сите работи и страсти не ми дава длабоко чувство на достоинство? Зарем среќата не е да се работи сè без интерес? Да не се бара славата на овој свет? Да не бараат признанија? Да не се бара себе? Да се испразниш себеси од себе? Да се усреќуваат другите? Зарем среќата не е во другиот? Во Другиот? Во Неизмерниот?
Секој ден го мешам тој коктел и го пијам тој пијалак и не ми е добро. Тешко на мене, не ми е добро! Можеби би требало да го променам составот? Малку повеќе да промешам со умот и да побарам подлабок извор на среќа. Длабока причина на задоволство. Длабок мир. Друг и Поинаков. Оној по кој сум, со кој сум и во кој сум. Оној кој нема да дозволи телото да ми здогледа гнилеж. Оној кој не лаже. Вистинскиот. Единствениот. Единствената среќа.
Ревно Те барам Тебе. Мојата душа копнее по Тебе. Моето тело Те сака како сува земја, жедна безводна. Твојата љубов е подобра од животот. Во Тебе е богатството. Сладост без крај. Спасение мое. Со Твојата светлост ние ја гледаме светлоста!
Дон Шимун Долјанин / Битно.нет/С.С.