Битола: Промоција на книгата од Папата „Божјото име е милсрдие“

На 17 април 2016 година во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ Битола се одржа промоција на книгата – интервју на папата Фрањо „Божјото име е милсрдие“.

Прв промотор на книгата беше Драган Георгиевски кој што ја ситуира книгата во контекст на дејноста на папата Фрањо и ги презентира актуелните теми кои што се појавуват во книгата како и нејзината литературна вредност. Следеше дон Јошт Мезег, капелан во Скопската парохија со краток осврт на Божјото милосрдие, како радосна вест за денешниот човек, кој што се наоѓа во состојба на грев и невозможност да љуби. Промоцијата ја модерираше Марија Ристовска, а краток извадок од книгата прочита Виолета Брзова Ханџинска.

Промоцијата се одвиваше во придружба на бендот Агапе, кој се состои од млади од скопската парохија под водство на дон Мезег. Бендот отпеа неколку убави песни кои зборуваат за Божјото милосрдие. На крајот присутните имаа можност да ја набават книгата, а младите од бендот беа угостени кај сестри Ќерки на христијанската љубов на свети Винко Паулски (Усмиленки) во Битола

папа Фрањо, Света Марта, Света Литургија, проповед, Исус, вечен живот, Добриот Пастир папа Фрањо, Света Марта, Света Литургија, проповед, Исус, вечен живот, Добриот Пастир.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот