Средба на верските поглавари со премиерот Спасовски

Средба на верските поглавари со премиерот Спасовски

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, на 16 март 2020 година се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев.

На средбата се поздравени мерките и чекорите што ги презема Владата во справувањето со Корона вирусот, во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните.

Изразена е благодарност до премиерот Спасовски за отвореноста за соработка и е изразена силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.

Премиерот Спасовски ги информираше поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, како врвен приоритет.

Поглаварите информираа за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците.

Разгледани се можности за максимална заштита на верниците.

Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици.

Извор – Влада.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот