Во Скопје, на 29 Август 2019 година, во бискупската резиденција Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски монс. д-р Киро Стојанов ја прими во проштална посета амбасадорката на Хрватска, Даниела Баришиќ.
Амбасадорката Баришиќ се наврати на својот престој во Македонија, истакнувајќи ја отвореноста и срдечноста на народот, и ја изрази својата радост за напредокот на државата како и патот на Македонија кон евроинтеграциите.
Соговорниците се присетија на случувањата кои го одбележаа животот на локалната Црква, како и незаобиколениот голем и важен настан за Македонија, Апостолската посета на Светиот Отец, папата Фрањо. Бискупот Стојанов се заблагодари за отвореноста и соработката на амбасадорката Баришиќ ѝ подари икона на Богородица, посакувајќи ѝ нова успешна дипломатска мисија.
Ватикан њуз/к.мк