Бискупот Стојанов ја прими амбасадорката на ОБСЕ во Македонија
На 17 февруари 2016 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов ја прими во посета новата водителка на мисијата ОБСЕ во Македонија амбасадорката Нина Сумаленен.
На самиот почеток на средбата амбасадорката Сумаленен му заблагодари на бискупот Стојанов за приемот, велејќи дека ги смета за важни во својата мисија и средбите со верските лидери. Таа изрази интересирање за животот на Католичката црква во Македонија.
Бискупот Стојанов ја запозна амбасадорката со историјата и животот на црквата на овие простори, велејќи дека црквата во Македонија е составена од Скопската бискупија, која датира уште од самите почетоци на христијанството и Апостолскиот егзархат чии верници припаѓаат на византискиот обред. Бискупот исто така ја истакна важноста на екуменизмот и дијалогот и истакна дека во Македонија постои Меѓурелигиски совет чии членови се верските поглавари кои редовно се среќаваат и настојуваат да бидат во служба на човекот. Исто така стана збор и за мигрантската криза, а бискупот рече дека Католичката црква се влкучила од самиот почеток и дека секој ден парохиските волонтери во Гевгелија делат на мигрантите 500 топли оброци и напитоци, како и пакети со храна, а на граничниот премин Табановце 500 пакети со храна за мигранти. Исто така заеднички се согласија дека е потребно да се бара решение за мигрантската криза за да може секој човек може да живее во мир и достоинство. Амбасадорката Сумаленен се интересираше и за потешкотиите на Католичката Црква со која се соочува во поглед на „Спомен куќа на блажена Мајка Тереза“ во Скопје и изградбата на црквата Свети Павле во Паљурци, во југоисточниот дел на Македонија.
Амбасадорката му се заблагодари на бискупот Стојанов за средбата и изрази спремност за соработка, а бискупот и ја подари својата нова книга „Црквата во служба на човекот“.
к.мк/д.Д.Т./Е.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк