Бискупот Стојанов упати благодарност до Католичката прес агенција на Бискупската конференција на БиХ
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов по повод неговото учество на редовната 77. заседание на Бискупската конференција на БиХ во Сараево се сретна со Генералниот секретар на Бискупската конференција и управител на Католичката прес агенција на Бискупската Конференција на БиХ монс. Иво Томашевиќ.
Бискупот Стојанов на средбата со Генералниот секретар монс. Томашевиќ се наврати на настанот на Апостолската посета на Светиот Отец папа Фрањо на Македонија односно на позитивното медиумско следење на самата организација во подготовката за доаѓање, како и самиот настан на 7 мај 2019 година од страна на локалните и меѓународни медиуми. Исто така се заблагодари на монс. Томашевиќ за неговото доаѓање во Скопје како и на неговите соработници за медиумското учество во следењето на настанот и поддршката во мисијата која Католичката прес агенција и ја дава на Црквата во Македонија преку можноста на објавување на вести од животот на локалната Црква. По тој повод бискупот Стојанов му врачи на монс. Томашевиќ Благодарница на Католичката прес агенција и медалјон со ликот на Свети Иван Павле XXIII Света Мајка Тереза кој е изработен по подов 29. Апостолско патување на папата Фрањо.
Монс. Томашевиќ му се заблагодари на бискупот Стојанов за гестот на благодарност и дарот, и истакна дека Црквата во Македонија со своите вести ја обогатува Католичката прес агенција како би продолжила на овој начин да го пренесува сведочењето на верата и животот на локалните Цркви, и ја истакна радоста што во Македонија постои Католици.мк – католичка медиумска страница.
Ватикан њуз/к.мк